Стефановиќ: Нема оправдување за ослободувањето на Морина

Со британскиот пасош како гаранција, а со косовскиот во рака, Томор Морина вчера попладне излезе од екстрадициониот притвор во Македонија и замина на Косово.

Ова следуваше неколку часа откако Врховниот суд  ја потврди одлуката на кривичниот дека не се исполнети условите за Морина да се испорача на Србија.

По министерката за правда, Нела Кубуровиќ, која оцени дека одлуката е срамна за меѓународното право, со остра реакција се огласи и министерот за внатрешни работи, Стефановиќ според кого, одлуката ја поткопала суштината на меѓународното право.

- Не може да постои оправдување за тоа некој, кој е осомничен за воени злосторства против човештвото, да биде пуштен на слобода, наместо да одговара за смртта на многу недолжни луѓе, изјави Стефановиќ.

притисни ентер