Инцидент во Истанбул – гледач се излизга пред Ван Дијк (ФОТО)

Во преносот на натпреварот за Супер Купот на УЕФА , што вечерва се игра во Истанбул , го нема влетувањето на гледач на теренот.

Маж истрча на теренот во Истанбул среде првото полувреме на натпреварот меѓу Челзи и Ливерпул . Тој пред фудбалерот Ван Дијк се излизга на колена , оставајќи ја фудбалската ѕвезда во чудо.

Веднаш потоа почна трката со обезбедувањето , кое конечно успеа да го фати и да го исфрли мажот од теренот .

Не е познато дали викал некакви пароли и зошто втрча , но на телевизискиот пренос од натпреварот имаше само мал прекин, без да биде покажан мажот.

Казните на УЕФА за вакви прекршоци се ригоросни , како за руската манекенка , која плати десeт илјади евра за сличен инцидент.

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

Италијанец погоди „шестка“ и доби 60 милиони евра

Среќен Италијанец е побогат за фантастични 60 милиони евра.

Анонимен Италијанец играл „ SuperEnalotto" и погодил „шестка“ за добивка од 60 милиони евра.

Добитните броеви биле 16, 24, 29, 53, 73 и 88, „ Jolly" бројот бил 62, а суперстар“ бројот бил 50 .

Среќниот добитник неверојатната награда од 60 милиони евра ја добил со вложени само три евра.

притисни ентер