Откриени уште осум мистериозни сигнали од вселената

Освен црната дупка , најголемата мистерија на вселената се ирадио сигналите кои се повторуваат во правилни интервали.

Станува збор за брзи пробиви на радиосигнали (FRB, fast radio bursts), што се краткотрајни и непредвидливи и доаѓаат од длабоката вселена. Ненадејно се појавуваат на некој дел од небото и траат само неколку милисекунди.Кога доаѓаат поединечно не се интересни за научниците, но сега наеднаш имало пробив на осум такви радиосигнали. Биле забележани од телескопот (Canadian Hydrogen Intensity Mapping Experiment), кој се наоѓа во долината Оканаган во Британска Колумбија .

До сега се познати вкупно 10 вакви сигнали што се повторуваат. Овие сигнали се голема мистерија , зашто траат само неколку милисекунди ,а ослободуваат за тоа време повеќе енергија од 500 милиони Сонца. Шест од осумте новооткриени радиосигнали од вселената се повториле само еднаш , а најголемото временско растојание меѓу два од нив било 20 часа.

Иако научниците сè уште не можат со сигурност да знаат од каде доаѓаат овие сигнали, тие идентификуваа пет можни извори на мистериозните FRB што можат да произведат повторливи сигнали на радио-бранови.

Така, тие веруваат дека би можеле да бидат произведени од ротирачка неутронска sвезда, две ѕвезди во процес на спојување, блицстар, црна дупка и непозната вселенска цивилизација.

Неутронските sвезди се распаднати јадра на гигантски sвезди кои беа многу пати поголеми од нашето Сонце. Тие се со дијаметар од околу 10 километри и имаат маса двојно поголема од нашата матична ѕвезда. Поради сопствената тежина, тие пропаѓаат до таков степен што повеќето протони и електрони се спојуваат во неутрони.

Научниците веруваат дека брзите ротирачки неутронски sвезди со силно магнетно поле може да предизвикаат ваков вид сигнал.

„Неутронска sвезда може да генерира сигнали како овие, но сè уште не сме запознаени со физиката што стои зад овие појави“, вели астрофизичарот од Универзитет на Британска Колумбија (УБЦ), Ингрид Скали.

Двете неутронски sвезди кои се во процес на спојување исто така би можеле да бидат одговорни за FRB.

Според астрономот Шрихарш Тендулар, од универзитетот МекГил во Канада, ова е едно од најверојатните сценарија, но не во случај на повторени сигнали, бидејќи sвездите ќе бидат уништени во одреден момент во текот на процесот.

„Ова е катаклизмичен настан, така што не може да има повторлив сигнал“, објасни тој.

Повеќето од набљудуваните сигнали со голема брзина биле регистрирани само еднаш и може да бидат предизвикани од две sвезди кои се спојуваат, но за два повторливи сигнали, треба да се најде друго објаснување.

Блицтар е брзо ротирачка неутронска sвезда што се распаѓа под сопствената тежина и формира црна дупка.

Тоа би можел да биде објаснување за поединечните FRB.

Црните дупки би можеле да ги објаснат FRB на различни начини; на пример, може да биде дека црната дупка се распаѓа во самата себе, или дека се судрила со темна супстанција.

Помалку популарно објаснување е дека станува збор за еден вид вселенско летало произведено од технолошки напредна цивилизација. Астрофизичарот Ингрид Скали не смета дека оваа опција е веројатна.

„FRB доаѓаат од различни насоки и од различни растојанија, така што веројатно тие потекнуваат од различни галаксии“, вели Скали.

„Ми се чини многу малку веројатно дека толку различни туѓи цивилизации ќе произведат ист вид сигнал на ист начин“, објаснува таа.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер