Лукаревска и Каевски од Струга: Преку Мој ДДВ скенирани над 10 милиони сметки

Членката на ЦО на СДСМ, Сања Лукаревска придружувана од претседателот на СДММ Дарко Каевски, претседалката на ОО на СДСМ, Струга Соња Стојкоска и други членови на СДСМ учествуваше на маалска средба со граѓаните во Струга.

Лукаревска истакна дека со упорност и јасна цел, а тоа е подобар живот за сите граѓани, мерка по мерка до крајот на мандатот се што е ветено пред граѓаните од страна на Владата предводена од СДСМ ќе биде остварено.

Мерката Мој ДДВ со досега скенирани над 10 милиони фискални сметки со повеќе од 5 милијарди направен промет, ја потврдува заинтересираноста на граѓаните за неа.-рече Лукаревска.

Таа потенцираше дека Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за сите граѓани, а тоа го потврдува ангажираноста во сите сектори.

Аграрните реформи донесоа низа поволности за земјоделците, како зелената нафта каде земјоделците добиваат 30 отсто поевтина нафта, мерките наменети за младите земјоделци од која се ослободени од давачки првите три години и транспарентната распределба на земјоделското земјиште, посочи Лукаревска.

Во изминатиот период, СДСМ како партија предводник на промените, донесе низа мерки кои го унапредуваат квалитетот на животот на младите.Европската младинска картичка е последниот во низата проекти што се директно насочени кон младите,преку која ги намалуваме трошоците за транспорт, едукација и рекреација на младите, истакна претседателот на СДММ, Дарко Каевски.

Каевски додаде дека досега околу 2.700 млади ги користат поволностите на младинската картичка преку попусти во над 430 субјкети, која освен што носи заштеда и помали трошоци го унапредува социјалниот живот и развој на младите.

Маалските средби со граѓаните се начин да се слушнат нивните ставови и сугестии со цел да се најде решение за сите предизвици со кои се соочуваат.

СДСМ продолжува со непосредните средби со граѓаните низ целата држава, што воедно стана начин на редовно функционирање на партијата, се наведува во партиското соопштение.

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

Италијанец погоди „шестка“ и доби 60 милиони евра

Среќен Италијанец е побогат за фантастични 60 милиони евра.

Анонимен Италијанец играл „ SuperEnalotto" и погодил „шестка“ за добивка од 60 милиони евра.

Добитните броеви биле 16, 24, 29, 53, 73 и 88, „ Jolly" бројот бил 62, а суперстар“ бројот бил 50 .

Среќниот добитник неверојатната награда од 60 милиони евра ја добил со вложени само три евра.

притисни ентер