Евакуaција на над 300 000 луѓе пред тајфунот ,,Кроса “ во Јапонија (ВИДЕО)

Јапонија за само еден моесец по трет пат е погодена од силен тајфун , овојпат наречен ,,Кроса”.

Јапонските влати им препорачаа на над 300 000 жители на островот Шикоку да ги напуштат домовите пред силните налети на тајфунот ,,Кроса” . Откажани се и неколку стотици авионски летови , а во застој е и железничкиот сообраќај.

Тајфунот донесе високи бранови и силни ветришта , а се очекува најсилниот удар да биде утре. Тајфунот , што носи ветришта и со брзина од над 100 км/час , се движи од северот на југозападот на земјата.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер