Не помогна ниту интервенцијата на Трамп – Шведска го осуди раперот

Американскито рапер денеска е прогласен за виновен од судот во Шведска  за напад и покрај интеревенирањето на претседателот Доналд Трамп.

Судот во Шведска пресуди дека не станува збор за самоодбрана, како што тврдеше раперот, туку дека тепачката на 30 јуни е физички напад. Раперот и уште двајца осомничени, Бладимир Корнил и Дејвид Рисперс, добија казна од две години условно, јавуваат американските медиуми.

„Нападот не беше од толку сериозна природа што мора да се изрече казна затвор, затоа обвинетите беа осудени на условна казна“, се наведува во соопштението на судот.

Асап Роки е уапсен во Шведска на 3 јули со неговиот телохранител и уште две лица , кои биле во негово друштво учествувале во улична тепачка и тој е обвинет за нанесување телесни повреди.

Апсењето на Роки привлече големо внимание на светската јавност, вклучително и од претседателот Трамп, кој во петокот рече дека „бројни членови на афроамериканската заедница“ го замолиле да му помогне на раперот.

Трамп на Твитер во јули напиша дека го уверил шведскиот премиер Стефан Лофвен дека Роки не е личност склона да избега од притвор и дека лично гарантира за него.

Во Ирак најголем број заразени од почетокот на пандемијата

Во Ирак се потврдени 4.229 нови случаи на коронавирус, најголем број нови инфекции од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.

Ирачкото Министерство за здравство соопшти дека се потврдени вкупно 172.583 случаи на КОВИД-19, а Ирак е на третото место по бројот на заразени лица на Блискиот исток, по Саудиска Арабија и Иран, јавува Би-Би-Си.

Од корона починале уште 76 лица, а вкупниот број на смртни случаи е 5.785.

Хамилтон најбрз во Барселона, 92. пат ќе стартува прв

Британскиот возач, Луис Хамилтон, водечки во генералниот пласман, денеска беше најбрз во квалификациите за Гран При на Шпанија и ќе стартува од најдобрата позиција утре на патеката Circuit de Catalunya  во Барселона.

До него утре на стартот ќе биде неговиот клупски партнер Финецот Валтери Ботас.

Тоа за Хамилтон, шесткратен светски шампион, е рекорден 92-ри пат во неговата кариера и четврт оваа сезона да започне од пол-позицијата.

Макс Верстапен (Ред Бул), најблизок до Хамилтон во генералниот пласман, ќе стартува од третото место, а Мексиканецот Серхио Перез (Рејсинг Поинт), кој ги пропушти последните две трки во Формула 1 поради коронавирусот, од четвртото место.

Се знае што правеле играчите на Баерн по историската победа над Барселона

Претседателот на Баерн откри како фудбалерите на неговиот клуб ја одбележале историската победа од 8: 2 против Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

"После играта, отидов во соблекувалната очекувајќи да видам разуздано славје на играчите по фантастичниот триумф. Сепак, ги најдов целосно мирни и фокусирани на следниот меч", вели Карл-Хајнц Румениге.

Баерн го очекува победникот на вечерашниот натпревар меѓу Манчестер Сити и Лион во полуфиналето, што ќе се одигра во среда.

притисни ентер