Мајк Тајсон шокира - месечно пуши цело богатство

Легендарниот боксер Мајк Тајсон ја нашол својата нова страст , а тоа е фарма на марихуана во Калифорнија.

Фармата наскоро ќе биде отворена за посетители , кои ќе може да се запознаат со штетноста и користа од марихуна во медицински цели. Боксерот најави и истражувања за да се искористи марихуаната што подобро за емдицински цели. Фармата се протега на 1,6 квадратни киломтри во јужна Калифорнија , а веќе таму се одржа музички фестивал , кој го организираше Тајсон со својот деловен партнер , Роб Хикман.

Во радио емисија , тој ги шокира своите фанови кога призна дека месечно пушат марихуна во вредност од 40 000 долари.

53- годишниот Тајсон се изрази во множина , па таблоидите претпоставуваат дека станува збор за сума испушена со пријателите или членовите на домаќинството.

Но , без оглед на шокантната изјава , Тајсон вели дека годишно заработува и по половина милион долари од продажбата на канабис за медицински цели , чие производство е дозволено во Калифорнија.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер