Атрактивната манекенка Адријана Лима ужива без децата (ФОТО)

Фотографиите од одморот на манекенката Адријана Лима покажуваат зошто е една од најдобро платените во светот на модата.

Иако е во врска со турскиот бизнисмен Емир Јумар , една од најпознатите ангели на Викторијас Сикрет , Адријана Лима во понеделникот уживаше во женско друштво на плажа во Мајами.

38- годишната манекенка по потекло од Бразил , и натаму има беспрекорна фигура и со појавата се потврдува зошто со години е една од најдобро платените манекенки на светот.

Во минијатирно бикини со цветен дезен , ги покажа своите облини. Адријана Лима е најдолговечната во јатото на Викторијас Сикрет , а брендот го претставуваше од 1999 до минатата година.

Пред две години беше прогласена за највреден ангел на Викторија. Претходно овој месец манекенката беше снимена на одмор со Емир , откако на почетокот на годината раскина турскиот писател Метин Хар по една и пол година врска.

Лима во мај 2014 се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ со кого има две ќерки , Валентина (7) и Сиена (10) . Пред Јариќ таа беше верена за музичарот Лени Кравиц , а пред тоа ја поврзуваа со Џастин Бибер.

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

 Полициски службеници вчера ги привеле Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер