Синоќа во Ново Лисиче избоден до смрт 17- годишник

Половина час по полноќ инцидент со фатални последици ги вознемири жителите на Лисиче. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Кина донира заштитна опрема во вредност од 250 илјади евра

 Во касарната во Ѓорче Петров денеска ќе биде примопредадена донација во заштитна медицинска опрема од Народна Република Кина.

Донацијата е во вредност од околу 250.000 евра и се состои од 62.000 заштитни маски, 4.200 заштитни очила, 3.000 визири, 6.000 заштитни одела и комплети, ракавици, инфузиски пумпи, електрични термометри и два сета термални шлемови.

На примопредавањето на донацијата најавено е присуство на државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.

Настанот, како што информираат од Министерството за одбрана, ќе се организира согласно препораките за одржување на безбедно растојание и носење на заштитна опрема.

Сончево и топло, попладне дожд во јужните делови

Сончево време со умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. 

Попладне во крајните јужни делови ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17, а максималната од 24 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично време со минимална температура до 13 и максималната до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува слично време со постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд. Во петок кон крајот на денот и во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

„Само Вистина“ вечерва со д-р Жан Митрев

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе гостува д-р Жан Митрев.

Почитувани гледачи, се исполнија ли „песимистичките“ предвидувања, на пролет или дури до следната есен, до кога се поместува границата на пандемискиот „финиш“, вечерва во Само Вистина ќе гостува кардиохирургот д-р Жан Митрев.

Се укина забраната во кафулиња и ресторани да седат само двајвца на една маса, колку е веројатно и нам да ни се случи „српското“ сценарио?

Колкав е колективниот имунитет кај населението, „Шведски“ или „Дански“ модел, кој посилно може да и пркоси на пандемијата?

Дали антителата значат имунитет?

Пренесуваат или не пренесуваат асимптоматските случаи?

Мутира ли вирусот побргу од што се предвидуваше, станаа ли младите нов корона-таргет?

Можно ли е СЗО да ги „подгреа“ тензиите, треба ли светот да прави повеќе аутопсии за да се најде „волшебниот„анти-корона лек?

Погледнете уште една едукативна емисија, како „стоиме“ и како да се избориме со мулти-интелигентниот вирус, вечерва во Само Вистина со д-р Жан Митрев, на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер