Утре на распит во ЈО шефицата на кабинет на Катица Јанева, Рускоска се врати од одмор

Одморите завршија. По специјалната обвинителка Катица Јанева, денеска и обвинителката Вилма Рускоска која го води случајот “Рекет” се врати на работните обврски.

Се уште не е познато дали и кога ќе биде повикана на распит во обвинителството специјалната обвинителка Катица Јанева, ниту пак дали ќе бидат сослушани лицата кои беа спомнати во “бомбите” на “Ла Верита”.

Неофицијално, Канал 5 од извори од истрагата дознава дека за утре се повикани да дадат исказ обвинтиелот од СЈО Бурим Рустеми и шефицата на Кабинетот на Јанева.. Но, одговри за ова можеби нема ниту да има по денешното сооптение на обвинтиелството дека ќе споделуваат само информации кои нема да и наштетат на истрагата.

“ Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање на доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба. Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини. “ соопштуваат од обвинтиелството.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека тој е човекот кој го пријавил овој случај и дека секој што се инволвирал , ќе сноси одговорност. Тој вчера беше прашан да одговори дали е разочаран од обвинителката Јанева.

“ За мене идиотски е настапот засега согласно со досегашните докази. Очекувам истрагата да ги покаже доказите за секој, вклучително за Катица Јанева, Зоран Заев, за кој било случај. Апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото.”

За овој случај досега исказ во својство на сведоци дадоа двете обвинителки од СЈО Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова кои се изјаснија дека не се согласувале со некои одлуки на Јанева. Вчера сведочеше Стефанова, која пред медиумтие не откри што зборувала пред надлежниот обвинител, само рече дека кажала се што знаела.

Кривичниот суд по барање на обвинителството вчера го продолжи притворот на двајцата осмничени во “Рекет”, Боки 13 и Зоки Кичеец за нови 30 дена.

Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок стандард, раст на БДП од 5% на среден рок

Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси.

Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент.

Не смееме да дозволиме и понатаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење.

И токму поради тоа, народот треба да стави стоп на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја.

Денес сум во Македонски Брод, кој што можам комплетно да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени.

Имав средби со граѓани, имав средби со стопанственици. Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средби бизниси, повисоки пензии.

Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша, рече Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.

Напад со нож во Шведска: Застрелан е напаѓачот, кој им се нафрли на три постари жени

Шведската полиција соопшти дека застрелала маж во врска со нападот на три постари жени во градот Вастерас.

Полицијата соопшти дека мажот ги нападнал жените на возраст меѓу 65 и 80 години со остар предмет, пренесува Ројтерс. Шведската агенција Експресен објави дека една од жените и напаѓачот се во болница со сериозни повреди.

Очевидци велат дека слушнале десет истрели. Нападот се случил денеска околу 12:25 часот.

"Многу полицајци беа на местото на нападот. Мислевме дека станува збор за петарди. Не знаевме за што се работи. Автомобилот на нашиот сосед беше уништен. Полициско возило удри во него", рекол еден од очевидците.

Г7: Ќе ја зајакнеме противвоздушната одбрана на Украина

Земјите-членки на Г7 се решени да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина, изјавија денеска нивните министри за надворешни работи кои се собраа на состанокот во Капри.

Седум суперсили - Италија, Канада, Франција, Германија, Јапонија, Велика Британија, САД и ЕУ - силно ја критикуваа руската инвазија на Украина, која трае повеќе од две години.

Киев, сепак, ги предупредува дека мора да ја сменат својата стратегија доколку сакаат Украина да издржи сѐ подеструктивни руски воздушни напади. Русија негира дека цели цивили, но смета дека енергетскиот систем на Украина е легитимна цел. Во тие напади беа убиени стотици цивили.

„Г7 ќе ја зајакне воздушната одбрана на Украина за да спаси животи и да ја заштити критичната инфраструктура“, рекоа министрите за надворешни работи, додавајќи дека ќе ја зголемат одбранбената и безбедносната помош за Киев.

„Ние сме решени да продолжиме да обезбедуваме воена, финансиска, политичка, хуманитарна, економска и развојна помош за Украина и нејзиниот народ“, додаваат тие. Изјавата е објавена на крајот од тридневниот министерски состанок во Капри, каде главни теми беа Украина и воените конфликти меѓу Израел и Иран.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен по самитот изјави дека на Украина ѝ требаат веднаш повеќе ресурси и го предупреди Пекинг дека односите на Кина со Европа ќе настрадаат доколку ѝ помогне на руската одбранбена индустрија.

„Кога станува збор за руската одбранбена индустриска база, главниот придонесувач во моментов е Кина“, рече Блинкен. „Ако Кина од една страна тврди дека сака добри односи со Европа и со другите земји, од друга страна не може да ја поттикне најголемата закана за европската безбедност од крајот на Студената војна.“

Воената помош за Киев е забавена во последните месеци бидејќи на европските партнери им снемува муниција, а американската помош е блокирана од републиканците во Конгресот. Претставничкиот дом на САД овој викенд конечно би можел да гласа за пакетот помош од 60,8 милијарди американски долари за Киев.

Друго прашање што се разгледува е како да се искористи профитот од 300 милијарди американски долари замрзнати руски средства на Запад за да ѝ се помогне на Украина. Министрите рекоа дека се уште размислуваат како тоа може да се направи.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани рече дека постои правна основа за користење камата од замрзнатите средства, а експертите сега размислуваат дали би можел да се искористи самиот капитал.

Во врска со нападот на Израел врз Иран по неодамнешниот ирански напад со беспилотни летала и ракети врз Израел, министрите рекоа дека ќе работат на спречување на ескалација на конфликтот.

„Политичката цел на Г7 е деескалација. Работиме и ќе продолжиме да работиме за да бидеме активни играчи за да обезбедиме деескалација на целиот Блиски Исток“, рече Тајани.

притисни ентер