ВМРО-ДПМНЕ: Процесот за случајот „Рекет" месец дена тапка во место

Смешно и безобразно е кога Зоран Заев, неколкукратно аболициран политичар и човек кој инфлагранти е фатен во извршување кривично дело, зборува за одговорност, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Попусти се сите обиди на правдање пред новинарите. Зоран Заев вчера ги навреди сите новинари во земјата. Заев вчера дефакто кажа дека сака новинари кои ќе молчат пред криминалот на власта, а не професионалци кои ќе ја информираат јавноста.

Зоран Заев вчера изрази целосна нетрпеливост и покажа дека се што до сега кажувал било само маска со цел доаѓање на власт.

Заев е синоним за криминал. Под негова палка во државата е извршен милионски рекет, во период од неколку години. И за тоа никој ништо не преземал.

Процесот за случајот Рекет месец дена тапка во место. ЈО не ја проширува истрагата кон нарачателите и организаторите. Боки 13 и Зоки Кичеец се само жртвено јагне за спас на Катица Јанева и Зоран Заев.

Одговорност мора да има, но тоа не е можно со Зоран Заев на власт. Заев мора да си даде оставка и да се организираат итни предвремени парламентарни избори. Потребни се истраги и одговорност за криминалот извршен во изминатиот период.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер