Како ќе функционира телото за борба со организираниот криминал и корупција?

Широко распространетиот криминал и корупција претставува и безбедносна закана за земјава. 

Нема доволна координација меѓу институциите, па затоа владата реши дека токму сега е вистински момент да го формира оперативното тело, кое ќе се обиде да ја забрза борбата против криминалот. 

Упатените алармираа дека една обична службена белешка патува и по 10 дена меѓу институциите кои треба да ги водат истрагите и операциите против криминалците.  

Со ова тело, првите луѓе на МВР, Правда, Царина, Финансиска полиција, финансиско разузнавање и агенцијата за национална безбедност, ќе седат на иста маса и ќе носат директно одлуки и наредби.

Според  професорот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски и покрај тоа што ова требаше да се направи многу порано, за поздравување е што конечно да се консолидираат институциите...

 Дујовски смета дека криминалот во периодите на сите влади толку е навлезен во сите слоеви на општеството што почнува да ја загрозува безбедноста на државата.

Се уште не се знае кога ќе биде првиот состанок на оперативното тело, но од владата веќе кажаа дека прва задача ќе биде расчистувањето на случајот „Рекет“.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер