Кавадарци ќе избира најбрз келнер

Кавадарци ќе избира најбрз келнер во рамките на годинешнава манифестација „Тиквешки гроздобер", информираа денеска од Службата за односи со јавноста при општината.

Ги повикаа сите угостителски објекти да земат учество во трката со келнери, која традиционално се организира за време на стопанско културниот и туристички настан.

– На забавен начин да откриеме во кој угостителски објект можеме да добиеме најбрза услуга, нагласија од општинската прес служба.

Предвидено е трката да се одржи на 6 септември, по главната улица ,,Илинденска" во Кавадарци.

„Тиквешки гроздобер" ќе се реализира на 6, 7 и 8 септември и се очекуваат голем број на посетители од земјава и странство. /МИА

Единствената Национална платформа за учење од далечина ќе ја користат над 250.000 ученици

„Горди сме што за прв пат создадовме единствена Национална платформа за онлајн учење, што ја креиравме исклучиво со домашни ресурси и експерти.“

„ Ова нѐ охрабрува, но и ни дава дополнителен поттик за нејзино усовршување и прилагодување на потребите на секој ученик во нашата држава", истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на која заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска ја презентираа Националната платформа за онлајн учење.

„Платформата за онлајн учење е инклузивна, едноставна за користење и искрено сум уверен дека ќе ја засакаат и учениците и наставниците. Таа нуди учење на 5 јазици - освен на македонски, прилагодена е и за држење настава на албански, турски, српски и босански јазик. Со ова уште еднаш ги потврдуваме цврстите заложби на оваа Влада за негување на соживотот, мултикултурализмот и еднаквоста во нашето демократско општество", подвлече премиерот Заев и додаде дека подготвеноста на институциите и образовниот систем за промени е доказ за континуирана и силна посветеност кон долгорочните цели на Владата меѓу кои и квалитетно и иновативно образование по мерка на секого.

Министерката за образование и наука Царовска истакна дека Националната платформа за учење на далечина е резултат на соработката на Министерството за образование и наука и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Платформата е развиена да биде функционална, стабилна и едноставна за употреба и од учениците и од наставниците, како и од сите останати чинители на образовниот процес - МОН, БРО, ДПИ и родителите.

Министерката Царовска рече дека ја разбира загриженоста на родителите затоа што секоја промена е тешка, а прилагодувањето бара огромна жртва од сите нас.

„Јас целосно ги разбирам оние кои се загрижени како ќе ја поминеме учебната година, ги разбирам родителите кои се под голем притисок да се прилагодат истовремено одејќи на работа и грижејќи се за образованието на своите деца. И самата сум родител и тоа го чувствувам. Но ние не ја избравме оваа состојба. Во оваа состојба Националната платформа ќе биде многу повеќе од добра замена за традиционалното учење. Ученикот преку десктоп или лаптоп компјутер, или на мобилен телефон ќе може исто како во училница, да го гледа наставникот како пишува или црта на табла, а истовремено и наставникот може да го гледа ученикот. Оваа настава нема да биде здодевна, ќе има решавање квизови, брзи тестови и други новини кои ќе внесат свежина во образованието, а платформата ќе продолжи да се користи и после пандемијата како поддршка во учењето и креирањето на дигитални содржини", заклучи министерката Царовска, стои во соопштението од Влада на РМ.

Заев е оптимист дека ќе се решат разликите околу историјата со Бугарија

Владата официјално нема да одговори на бугарскиот меморандум испратен до земјите членки.

Премиерот Заев е уверен дека за сите отворени прашања со Софија ќе се најде решение низ разговори и пријателство во духот на Договорот за добрососедство. Негов личен став е дека Собранието не треба да носи декларација контра декларацијата на бугарското собрание како што иницираат од ВМРО-ДПМНЕ ,но повтори дека правото на самоопределување и самоидентификација се темелни европски вредности , дека посебноста на македонскиот јазик и на македонскиот етнички идентитет се неспорен факт.

Сепак, она што зачудува во бугарскиот меморандум во кој Софија обвинува за етнички и јазичен инженериг е токму проблематизирањето на македонскиот јазик, иако Софија го потпиша Договорот за добрососедство и на македонски јазик, кој во последниот член од договорот е дефиниран како Македонски јазик согласно Уставот.

Дека Софија нема да наиде на поддршка која би го проблематизирала почетокот на преговорите во декември е јасната порака на германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн која вели дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално и не треба да се дел од преговарачката рамка за проширувањето на Унијата. Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, амбасадорката на земјата претседавач со ЕУ порачува дека во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира овој процес.

-Ние и според моите сознанија сите други земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Македонија, вели амбасадорката Анке Холштајн.

Во меѓувреме опозицијата бара информација од МНР и дебата во собраниската комисија за надворешна политика во врска со бугарскиот меморандум испратен до ЕУ членките.

Министерот Филипче се сретна со јапонската амбасадорка

„Во тек е реализација на грант за набавка на медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи“.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Амбасадорката на Јапонија во Република Македонија Н. Е. г-ѓа Кеико Ханеда.

Повод за средбата е реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи. Со овој грант, дополнително ќе се зајакнат капацитетите во установите. Процесот на реализација е во тек, а ќе се финишира во наредниот период.

„Јапонија е нашиот голем и искрен пријател. Се заблагодарувам за целокупната поддршка овие изминати години во осовременување и унапредување на здравствениот сектор. Тие се со нас и во овие моменти кога се справуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Во месец јуни, преку итна неповратна помош, од амбасадата на Јапонија во партнерство со УНОПС го добивме лекот „Авиган" наменет за 100 пациенти заболени со ковид-19.", нагласува министерот Филипче.

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

притисни ентер