Врховен суд: Нема услови за екстрадиција на Томор Морина на Белград

Тoмор Морина нема да биде екстрадиран во Србија - Врховниот суд денеска ја потврди пресудата на Кривичниот суд дека не се  исполнети условите за екстрадиција.

Во образложението на судот се наведува дека Морина е државјанин на Косово и на Велика Британија, а не на Србија и дека кривичното дело за кое е обвинет е извршено на територијата на Република Косово управувано од Обединетите нации според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност од 10 јуни 1999 година.

 „Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 14 август 2019 година, донесе решение по предметот заведен под Кр.бр.30/2019 со кое го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 07.08.2019 година, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., државјанин на Велика Британија и на Република Косово.“- Врховен суд.

Во образложението на решението е наведено дека лицето Морина чија што екстрадиција се бара, е државјанин на Косово и на Велика Британија, а не државјанин на Србија која бара екстрадиција додека пак, кривичното дело за кое се бара екстрадиција на лицето е сторено на територија на Косово ставено под власт на Обединетите нации со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации од 10.06.1999 година, независно од 2008 година, која независност е признаена и од страна на Република С. Македонија. Во образложението се наведува дека Косово е независно од 2008 година и дека Република С. Македонија ја признава таа независност.

Поради овие причини Судот утврдил дека не се исполнети законските услови за Морина да биде екстрадиран, а Врховниот суд го потврди решението.

Во пресудата на Врховниот суд не е наведено дали Морина останува во притвор во очекување на конечната одлуката. Од Кривичниот суд кој сега треба да одлучува околу притворот за Канал 5 потврдија дека го добиле решението од Врховен и следниве денови ќе донесат одлука за ваквата мерка.

По судското решение конечната одлука треба да ја донесе Министерството за правда.

Министерството за правда на Србија бараше тој да биде екстрадиран врз основа на распишана потерница од Интерпол поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Воени злосторства против цивилно население“.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер