Шведскиот Врховен суд нема донесено одлука за екстрадиција или не на Давидовски

Се уште нема одлука за екстрадиција на Дејан Давидовски еден од осудените за крвавиот четврток  што се случи на 27 април 2017 година.

 Од Шведската амбасада за Канал 5 велат дека Окружниот суд донел одлука да го задржи во притвор се дури се чека одлуката дали ќе биде екстрадиран. Предметот е во Врховниот суд, оти во оваа земја таква е процедурата за сите граѓани, велат од Амабасадата, а не дека е тоа е следна инстанца. Потоа мислењето ќе биде доставено до владата на Шведска која треба да го каже  конечниот одговор. Овој  одговор на амабасадата ги демантираше шпекулациите дека Шведска одбила да го екстрадира Давидовски

И во нашето Министерството за правда велат дека немаат добиено официјално писмо од судот на Шведска. Инаку вчера шпекулациите ги подгреа  новинарот Гајсер што ги објави снимките за случајот „Рекет”  тој во радио емисијата на која се дискутираше за политичките сотојби во Македонија го спомна и случајот со Давидовски и го даде како пример за исполитизирано судство, и  затоа дека  шведската влада  ја  одбила екстрадицијата рече тој .

Звонко Давидовиќ Адвокатот кој го застапува  Давидовски потврдува дека ниту тој не видел официјален документ од Шведска,тој за Канал 5 изјави  дека не сака да зборува дури не ја види одлуката. 

Инаку  39 годишниот  Давидовски беше приведен во април годинава на аеродромот „Скаваста“ во Стокхолм , за него беше распишана меѓународна потерница.

Обвинет е за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при организираниот напад на Собранието. Пред шведската полиција, негирал дека има врска со упадот во парламентот.

По барање на шведските обвинители, тамошниот суд му изрече мерка притвор поради опасност да побегне.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер