ЗНМ,МАН,ССНМ: Агресивниот говор на премиерот ќе поттикне насилство кон новинарите

Сите новинарски здруженија се обединија во осудата на синоќешната изјава на премиерот Заев, кој порача дека нема да дозволи еден суетен новинар, да ја урне неговата влада.

Со реакција се огласија ЗНМ, МАН, Самостојниот синдикат на новинарите, Советот за Етика, повикувајќи го премиерот да се извини за изјавата.

-Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на Претседателот на Владата може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето. Наместо јавно да се пресметува со критични новинари потребно е да ги охрабри во нивните напори да откриваат евентуална злоупотреба на власта, се вели во реакцијата на Здружението на новинарите.

-Македонската асоцијација на новинари смета дека оваа изјава претставува директна закана кон медиумите и новинарите и формите на слободно изразување. Премиерот директно го прекршува Член 3 од Законот за медиуми и Уставот со кој се гарантира слободата на медиумите и што таа опфаќа. , се вели во реакцијата на Македонската асоцијација на новинари.

-Нагласуваме дека на почетокот на мандатот владата на Заев ветуваше борба против нападите врз новинарите и се залагаше за слобода на изразувањето, но вчерашната изјава на премиерот Заев е во целосна спротивност на тие заложби, се вели во изјавата на Самостојниот синдикат на новинарите.

-Улогата на власта во демократијата во ниеден случај не смее да значи нивно мешање во работата на новинарите, а ваквите изјави може да се сметаат за отворен притисок и обид за јавна дискредитација на професијата, од која се очекува да даде одговор на прашања од интерес на јавноста. , се вели во реакцијата на Советот за етика.

Контроверзната изјава, премиерот ја даде синоќа во Клубот на пратеници по повод 18 годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор на своето прво јавно појавување пред медиумите, од објавувањето на аудио снимките за случајот Рекет.

-Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата еден педер да ја симнат оваа Влада од власт, изјави вчера Зоран Заев, претседател на владата

Дел од јавноста, а и самиот новинар Бранко Героски, кој преку своите текстови ја отвори аферата „Рекет“, се препозна во пораката на премиерот.

-Дали кога вели "еден суетен новинар" мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно - дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува? Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, напиша новинарот Героски на Фејсбук.

Изјавата на Заев ја разбранува и ЛГБТИ заедницата и здруженијата за човекови права.

-Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било сѐ што се збореше и правеше претходно! НЕ, Зоран Заев, ЛГБТИ-заедницата нема да ти прости!“, напиша на Фејсбук, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Непосредно по изјавата, Заев на Твитер упати извинување до ЛГБТ заедницата, порачувајќи дека ќе продолжи да се бори за нивните права, како и досега. Тој појаснува дека зборот педер, го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност.

Наполи сака да го задржи во тимот Кварацхелија до 2029 година

Грузискиот репрезентативец во Наполи, Квича Кварацхелија може да потпише нов договор со тимот во блиска иднина.

Според „Football Italia“, новиот договор на фудбалерот со италијанскиот клуб ќе важи до летото 2029 година. Актуелниот договор завршува во јуни 2027 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 37 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и пет асистенции.

Трансфер вредноста на играчот се проценува на 80 милиони евра.

ЈСП Скопје: Поради надградба на системот можни се технички проблеми при валидирање со мобилен

 Поради надградба на системот можни се технички проблеми при валидирање со мобилен телефон или апликацијата „Скопска“.

ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или мобилната апликација „Скопска“.

ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на [email protected].

Албанската полиција откри пластеници со над 37 илјади садници канабис

Албанската полиција кај Велипоја открила пластеници со марихуана, при што запленила 37.336 садници од ова наркотично растение.

Акцијата ја поздрави министерот за внатрешни работи Таулант Бала и им честиташе на припадниците на државната полиција за акцијата.

- Доаѓањето на пролетта ги враќа и напорите на криминалните групи за одгледување наркотични растенија. Државната полиција мора да ги интензивира превентивните акции уште од првите моменти на обиди за одгледување наркотични растенија. Им честитам на полициските службеници од регионалниот комесаријат - Скадар за заплената на 37.336 садници канабис сатива и за последователните активности за спречување обиди за одгледување наркотични растенија, напиша тој на Фејсбук, објавувајќи и видео запис од акцијата.

Порача дека ги охрабрува сите структури на државната полиција да ги засилат контролите со цел да се спречи оваа појава.

Во акцијата уапсено е едно лице, а по друго се трага а запленети се и автомобил, трактор и предмети што се користат за оваа криминална активност.

притисни ентер