Синоќа во Ново Лисиче избоден до смрт 17- годишник

Половина час по полноќ инцидент со фатални последици ги вознемири жителите на Лисиче. 

 17-годишен млад спортист го загуби животот, откако една година постаро момче го прободел со нож.

Се започнало од вербална расправија, а жителите на населбата тврдат дека во пресметката учествувале десетици тинејџери.

Како што дознава Канал 5, на момчето му бил зададен само еден удар со нож, кој бил смртоносен. Од КАРИЛ потврдија дека сега починатиот бил ранет со остар предмет во пределот на градниот кош, а бил зафатен и главниот крвен сад.

Причината за расправијата меѓу двајцата тинејџери не е позната. До пред две години 17-годишникот активно тренирал кошарка, во младинскиот тим на МЗТ од Аеродром и неретко со пријателите ги поминувал вечерните часови токму на кобното место.

Инаку, полицијата извести дека за убиството на младото момче е пронајден и приведен 18-годишниот А.Т., а од обвинителството информираа дека во текот на денов очекуваат кај нив да пристигне кривичната пријава од МВР, по што ќе бидат познати деталите - сега се работело на обезбедување и вештачење на доказите.

Тодор Петров и Мухамед Халили во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Тодор Петров и Мухамед Халили.

Тезата дека со недобивањето на датумот за преговори може да се дестабилизира Балканот не држи вели потпретседателот на „Европското движење“  Мухамед Халили во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес пак, верува дека постојат сили кои може да предизвикаат контролирана нестабилност за да покажат дека одлуката на Европската Унија е погрешна

- После сите случувања во Македонија недовербата на јавноста во политичарите е голема. Гласачите веќе нема да им веруваат ништо во пресрет на предвремените избори, оцени потпретседателот на „Европското движење“  Мухамед Халили во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес пак смета дека политичарите ќе манипулираат со јавноста дека Европската Унија стои позади актуелната Влада за да заврши процесот на евроинтеграции

- Ние се залажуваме ако мислиме дека земјата само треба да ги исполни реформите затоа што почетокот на преговори со ЕУ е и политичка одлука, рече потпретседателот на „Европското движење“  Мухамед Халили во вечерашното издание на „Само вистина“. Неговиот соговорник Тодор Петров претседател на Светскиот Македонски Конгрес пак, не ја разбира еуфоријата во јавноста дека недобивањето на датум за преговори е прашање да се биде или не  

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Брнс: Ратификацијата е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината

Американската амбасадорка Кејт Брнс ја поздрави ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на Сенатот на САД, оценувајќи ја како резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината.

– Многу задоволна поради огромната поддршка на Сенатот во ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на САД. Тоа е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината. Со нетрпение очекувам продолжување на развојот и зајакнување на партнерството меѓу нашите две земји, порача на Твитер американската амбасадорка Брнс.

Сенатот на Соединетите американски држави денеска со 91 глас „за" и два „не" го изгласа  пристапниот протокол за влез на Северна Македонија во НАТО.

Владата одобри зголемување на буџетот за поддршка на иновациите на компаниите за 12 пати

Владата донесе одлука за давање согласност на „Програма за измени и дополнувања на Среднорочна програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година".

Со предложените измени, информираат од владината прес-служба, се предвидува проширување на буџетот на планираните јавни повици за технолошки развој од Планот за економски раст, како и проширување на буџетот за финансирање на проекти во рамки на тековниот повик за комерцијализација на иновации. Со овие измени директно или индиректно се таргетирани помеѓу 170 – 200 компании (зависно од буџетите и конечната одлука на Комитетот за одобрување на ко-финансирање) од пристигнатите 487 апликации.

Вкупниот обем на планирани инвестиции кај овие компании, се наведува во соопштението, е нешто над 87 милиони евра, од кои 67 отсто или над 58 милиони евра се побарано учество на Фондот, додека 33 отсто или околу 29 милиони евра се сопствени средства кои апликантите планираат да ги вложат во домашната економија. Иницијално предвидениот буџет за овој јавен повик е пет милиони евра, со што аплицираниот износ се надминува за речиси 12 пати.

притисни ентер