Ангела Меркел откри по што сака да биде запаметена

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека се надева дека во историјата ќе биде запаметена по својот труд.

Таа на настан во градот Стралсунд, на новинарско прашање, што се надева дека во иднина децата ќе читаат во книгите по историја за нејзе? Со насмевка одговори – „се трудеше“. И публиката се насмевна на нејзината изјава па следеше аплауз.

На прашањето што планира да прави по истекот на мандатот, таа одговори дека сигурно нема активно да се бави со политика.

-Ќе останам во политиката , но сигурно нема да имам никаква активна политичка функција, рече Меркел.

Таа минатата година најави дека по истекот на овој мандат кој и завршува во 2021. таа нема да се кандидира за нов мандат за канцералка.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер