Двајца тетовци приведени откако попречувале полицајци при претреси

Двајца жители на Тетово се приведени откако во два одвоени случаи попречувале полицајци да извршат претреси, информира денес СВР Тетово.  Во првиот претрес на улица „Иво Лола Рибар" при преглед на четири лица и на две возила пронајдена е марихуана.

-Полицајците ги привеле четирите лица, но при тоа биле попречувани во вршење на службените дејствија околу лишување  четворицата од 23 годишник. Потоа и тој е приведе и задржан во полициска станица. Меѓу четворицата приведени се двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години како и А.Ј (25) и К.Ш (20) од Селце, информираат од СВР Тетово.

Нешто подоцна друга полициска екипа на улицата „113" при обид да изврши контрола и претрес на насобрана група лица привела 26 годишник од градот кој им сакал да ги попречи во извршувањето на претресите. Тој во алкохолизирана состојба ги навредувал и омаловажувал полициските службеници при вршење на службени дејствија./МИА

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер