Милевски: Отстранувањето на Сонцето од Вергина е за општините, државните и локални институции

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска изјави дека Одлуката на Владата за отстранување на симболот на Сонцето од Вергина е за општините, државните и локални институции и оти се импелементира сега согласно Преспанскиот договор.

– Одлуката на Владата е за локалната самоуправа. Сонцето на Вергина е тргнато од знамето од 1995 година, така да не знам зошто сега се отвора тоа прашање. Преспанскиот договор е јасен, тоа да не се користи за државните институции, се разбира и за локалните институции и сега дојде моментот таа одредба да се имплементира. Преспанскиот договор е прифатен од Собранието со двотретинско мнозинство и граѓанитие се запознаени со чекорите што следуваат, изјави Милевски.

Во однос на приватното користење на симболот, Милевски рече дека тоа не може да забрани.

– Јас лично не знам доколку сакам да го користам, кој би можел да ми забрани. Сигурно во дворовите во Грција може да се користи било што и никој не може да го забрани. Исто и тука на еден приватен имот кој сака може да си стави. Не е ова инквизиција да ги гониме луѓето, но државните институции треба да го почитуваат законот, а  за непочитување на законите се разбира има санкции, рече Милевски.

На новинарско прашање за општините кои на своите знамиња и грбови го имаат Сонцето на Вергина, министерот за локална самоуправа смета дека тие треба да ги променат симболите.

– Се согласувам дека тие треба да ги променат симболите, а мислам дека за спомениците кои се во некои градови треба само да се обележи дека тоа е споменик од античкиот период, од еленистичкиот период. Не да се отстрануваат, туку во фуснота да се наведе од кој период е конкретниот споменик. Мислам дека тие се неколку, за Битола, Прилеп, како спомениците  од Александар Македонски, Филип Втори итн, посочи Милевски.

Владата вчера им препорача на единиците на локалната самоуправа да ја почитуваат обврската од член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и да пристапат кон отстранување на симболот на Сонцето на Вергина од сите јавни места и јавна употреба. /МИА

Лавров : Мировниот план на Трамп прво треба да биде проценет од меѓународната заедница

Мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Израел и палестинските територии треба да се процени на меѓународно ниво пред објавувањето, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија, САД , Европската Унија и Обединетите нации треба да ги оценат предлозите на планот, рече Лавров, јави руската новинска агенција Интерфакс.

„Мораме да ги почекаме официјалните предлози и да видиме од прва рака каква позиција имаат директнио засегнатите страни “, изјави рускиот министер пред новинарите во Москва.

Во последниве години, Русија презеде сè поголема улога во посредувањето меѓу Израел и палестинската власт. Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со израелскиот и со палестинскиот лидер минатата недела.

Трамп по средбата со израелескиот премиер Бенјамин Нетанјаху го објави планот на прес кнференција во Белата куќа.

Паника во Тирана и во Драч по силниот земјотрес (ВИДЕО)

Силен земјотрес е почувствуван во Тирана и Драч околу 21:15 часот.

Јачината  на земјотресот била  5,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во  Драч.

Земјотресот предизвика паника кај граѓаните кои ги напуштија своите домови, известуваат албанските медиуми .

На улиците на двата града имало интензивен сообраќа од жителите , кои се обидуваат да избегаат подалеку од градот.

Засега нема информации за повредени или за причинета штета .

Силен земјотрес од 5 степени по Рихер вечерва го погоди Драч- жителите бегаат во страв (ВИДЕО)

Вечерва во 21,15 часот Драч во соседна Албанија беше погоден од земјотрест од 5 степени по Рихтер. Земјотресот е пчуствуван и во западните делови на Македонија , во Дебарскиот регион.

Телеметриската сеизмолошка мрежа наМакедонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва, 28 јануари 2020 година, во 21 часот и 15 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 km југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, Рихтеровата локална магнитуда изнесува ML=5 степени, а почувствуван е во западните делови на Македонија, особено од населението во Дебар и околината со интензитет од III до IV степени, според Европската макросеизмичка скала, се наведува во соопштението од опсерваторијата. 

притисни ентер