Захариева и Димитров во Струмица на фестивалот „One Love Tour"

 Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева утре доаѓа во еднодневна посета на Струмица, соопшти бугарското МНР.

Захариева заедно со шефот на дипломатијата на  Македонија Никола Димитров ќе присуствуваат на фестивалот „One Love Tour". На настанот што е поддржан од УНЕСКО ќе бидат преставени традициите на двете земји и ќе настапат македонски и бугарски музчари.

Фестивалот „One Love Tour", по Струмица, продолжува во Крива Паланка на 25 август, во Бургас на 7 септември, Варна на 7 септември, Скопје на 21 септември и во Стара Загора на 5 октомври.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер