Видео- фото: Во Грција за гаснење на пожарите се мобилизирани над илјада пожарникари

Во Грција се мобилизирани над илјада пожарникари, бидејќи од понеделникот шумски пожари избувнаа на над 50 места, а најголемиот е на островот Евиа каде што ги загрозува селата и таму е прогласена вонредна состојба. 

Во истовреме, започна и истрага за причините на големиот пожар во Евиа ,пожар кој со густ чад покри дел од средна Грција, вклучувајќи ја и Атина.

Поради ситуацијата премиерот Киријакос Мицотакис го прекина годишниот одмор.

Лавров : Мировниот план на Трамп прво треба да биде проценет од меѓународната заедница

Мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Израел и палестинските територии треба да се процени на меѓународно ниво пред објавувањето, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија, САД , Европската Унија и Обединетите нации треба да ги оценат предлозите на планот, рече Лавров, јави руската новинска агенција Интерфакс.

„Мораме да ги почекаме официјалните предлози и да видиме од прва рака каква позиција имаат директнио засегнатите страни “, изјави рускиот министер пред новинарите во Москва.

Во последниве години, Русија презеде сè поголема улога во посредувањето меѓу Израел и палестинската власт. Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со израелскиот и со палестинскиот лидер минатата недела.

Трамп по средбата со израелескиот премиер Бенјамин Нетанјаху го објави планот на прес кнференција во Белата куќа.

Паника во Тирана и во Драч по силниот земјотрес (ВИДЕО)

Силен земјотрес е почувствуван во Тирана и Драч околу 21:15 часот.

Јачината  на земјотресот била  5,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во  Драч.

Земјотресот предизвика паника кај граѓаните кои ги напуштија своите домови, известуваат албанските медиуми .

На улиците на двата града имало интензивен сообраќа од жителите , кои се обидуваат да избегаат подалеку од градот.

Засега нема информации за повредени или за причинета штета .

Силен земјотрес од 5 степени по Рихер вечерва го погоди Драч- жителите бегаат во страв (ВИДЕО)

Вечерва во 21,15 часот Драч во соседна Албанија беше погоден од земјотрест од 5 степени по Рихтер. Земјотресот е пчуствуван и во западните делови на Македонија , во Дебарскиот регион.

Телеметриската сеизмолошка мрежа наМакедонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва, 28 јануари 2020 година, во 21 часот и 15 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 km југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, Рихтеровата локална магнитуда изнесува ML=5 степени, а почувствуван е во западните делови на Македонија, особено од населението во Дебар и околината со интензитет од III до IV степени, според Европската макросеизмичка скала, се наведува во соопштението од опсерваторијата. 

притисни ентер