Италијанскиот Сенат го одби Салвини , одложена владината криза

Италијанскиот Сенат денеска реши да ја одложи расправата за кризата на Владата за следната недела , со што го запре обидот на Матео Салвини за организирање предвремени избори.

Минатата недела заменик премиерот и министер за внатртешни работи , Матео салвини , кој е лидер на партијата Лига , ја распушти владејачката коалиција и за да ја искористи популарноста на неговата партија , побара одржување на предвремени избори, на кои би можел да стане премиер.

Сепак, планот на Салвини не беше успешен, бидејќи Движењето Пет Sвезди и парламентарните партии од левиот центар бараат да најдат начини за да избегнат одржување на предвремени избори четири години порано и да формираат алтернативно мнозинство.

Партијата Лигата се залагаше за гласање недоверба на владата, но Сенатот не одобри одржување на ваква расправа . Тие одлучија премиерот Џузепе Конте да се обрати во Горниот дом на Парламентот на 20 август.

„Дали има нешто поубаво, подемократско и подостоинствено отколку да му се даде на народот избор“, му рече Салвини во Сенатот во говорот за време на кој постојано беше прекинуван со извици и коментари од другите пратеници на партијата.

Лончар: Вучиќ беше животно загрозен, лекарите му го спасија животот

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави дека претседателот Александар Вучиќ бил животно загрозен но дека лекарите му го спасиле животот.

Лончар во изјавата за медиумите вели дека Вучиќ, има помали хронични проблеми со срцето, но дека во петокот дошло до сериозно влошување на неговата здравствена состојба, кога решил да им се обрати на докторите во Воено- медицинската академија (ВМА) во Белград,  каде лекарите веднаш ги спровеле сите мерки за санирање на сериозната состојба, а Вучиќ, според Лончар, добро реагирал на препишаната терапија.

Сепак, во следниот период според препораките на стручните тимови во ВМА Вучиќ ќе треба да ги намали работните активности за целосно да закрепне. Српскиот претседател вчера се огласи на Твитер заблагодарувајќи им се на лекарите, и притоа порача дека веќе од утре се враќа на работа со полна енергија.

Калеска Ванчева: Ние, социјалдемократките, ја имаме визијата, еднакво учество на жените во сите свери на политичкиот живот во државата

Ванчева се обрати по повод 20-годишнината на форумот претседателката на Форум на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Ние сакаме општество во кое рамноправно, без дискриминација ќе ги керираме сите политики и ќе обезбедиме безбедно хумано општество на насмеани лица, рече во своето обраќање на свеченоста по повод 20-годишнината на форумот претседателката на Форум на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Таа се осврна на почетоците и успесите на Форумот на жени на СДСМ, кој се изроди од женските клубови на партијата уште во 1999 година, а прерасна во моќен двигател на општествените промени, демократизација и почитување на основните човекови права, бидејќи без родова еднаквост тие не постојат.

За овие 20 години постигнавме многу, но патот не беше лесен, рече Калеска Ванчева на свеченоста на Форумот на жени на СДСМ, под мотото „20 години чекориме по патот на еднаквоста".

Денеска говориме за законска регулатива која овозможува најмалку 40% застапеност на жените во законодавната и локалната власт, но и за 40%,  па и 50% застапениост на жените во сите партиски структири, а започнавме со квота  од 30% од обата пола во партиските структури на партијата за парламентарните ибори 2002 година.

Со измените во Кривичникот законик од 2004 година, за првпат беше дефинирано семејното насилство, а во девет кривични дела против животот, телото и сигурноста на жртвите, предвидена е построга санкција доколку конкретното кривично дело е извршено во контекст на семејно насилство.

Во годините кога во земјата почнаа да се уназадуваат правата на жените, Клубот на жени на СДСМ, беше предводник на борбата за унапредување на положбата на жените, застанавме во одбрана на правото на жената да одлучува за своето потомство и за своето тело. Тоа го иправивме кога дојдовме на власт.

Но, секојдневно мораме да се браниме од различна прорагнада, во која првично се суди на изгледот на жената, а потос на суштината, рече Калеска

Бевме, сме  и ќе останеме лидерки, двигателки на сите демократски промени во општеството и ќе се движиме се побрзо кон целта, зошто не сме сами, чекориме по патот на еднаквоста, заедно, истакна свеченоста по повод 20-годишнината на форумот претседателката на Форум на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева,

Благодарници за заложбите за родовата еднаковст Форумот на жени им додели на Јованка Тренчевска, Елеонора Петроа, Цветанка Ивановаи Цветанка Ласкова.  

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Во Белорусија се одржуваат парламентарни избори

Во Белорусија денес се одржуваат парламентарни избори, на кои 516 кандидати се борат за 110 места во долниот дом на парламентот.

Изборите ќе бидат набљудувани од Западот за да се види колку слобода претседателот Александар Лукашенко ќе им овозможи на опозиционите кандидати, пренесува „Ројтерс“.

Националната изборна комисија соопштила дека до сега гласале повеќе од една третина од бирачите, односно 36 проценти, а „АП“ наведува дека постои опасност од манипулација на резултатите.

Опозицијата тврди дека гласањето е преполно со злоупотреби затоа што гласачките кутии не се чуваат, а пребројувањето на гласови се врши без присуство на набљудивачи.

По парламентарните, Белорусија наредната година ја очекуваат и претседателски избори.

притисни ентер