Одбележани 18 години од потпишувањето на Рамковниот договор

Осумнаесет години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, неговата идеја и визија се присутни во нашиот политички и општествен живот. 

-Ние ќе продолжиме понатаму, со надградување на институционалните капацитети, така што токму мултиетничкиот состав на нашата држава да биде додадена вредност во големото европско семејство,  изјави вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.

На свечениот прием по повод 18-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор во Клубот на пратениците присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерите Кочо Анѓушев, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, заменик-министер за финансии Ширет Елези, претставници на дипломатскиот кор, на политичките партии, градоначалници, универзитетски професори, претставници од НВО секторот…

– По потпишувањето на компромисниот договор кој го прекина вооружениот конфликт, пред 18 години, неговото спроведување не беше воопшто лесно. Храбро, посветени и со јасна европска визија стоевме пред сите потешкотии, бидејќи бевме уверени дека сме на правиот пат. Многу оценки има за овие 18 години, но најважно е дека патот на внатрешната и надворешната интеграција никогаш не е прекинат и останува единствен пат за иднината на Република Северна Македонија, рече Дураки, упатувајќи благодарност до САД, НАТО, Европската Унија и сите меѓународни пријатели.

Во текот на изминатите 18 години, како што рече, создадовме институции коишто ги спроведоа уставните промени што беа резултат на Рамковниот договор: Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова министерство, според него, е голем чекор напред. Тоа е централна институција која ќе има координативна улога за сите политики кои потекнуваат од Охридскиот рамковен договор.

Тој смета дека нашата земја има можност да се сконцентрира на економскиот развој и подобрување на животот на, како што посочи, нејзините еднкави граѓаните и на развојот на модерната демократија од 21 век.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети оцени дека Рамковниот договор претставува голема вредност втемелена во нашата земја, која ја прекинала војната и трагедијата и отворила пат на дијалог и компромис.

– Охридскиот рамковен договор е клуч кој треба да не соедини сите нас заедно, не е само за Албанците, не е само за Босанците, Турците, Ромите, Власите, туку е и на Македонците и на Албанците. Затоа сите треба да имаме почит и сите треба да ги охрабруваме политичките партии што е можно поскоро и тој дел што се уште не е имплементиран во пракса да се најде начин да се имплементира од сите институции во земјава. Што поскоро да ги затвориме овие прашања, толку подобро би било за државата, рече Ахмети.

Одговарајќи на новинарско прашање за Законот за употреба на јазиците,  претседателот на ДУИ рече дека работите се одвиваат правилно и добро иако, како што посочи, има потешкотии.

– Но, над се, треба да се оцени дека ако има Закон за употреба на јазиците, почнала имплементацијата, но тоа не значи дека треба да сме разочарани и дека работите нема да одат на подобро, рече Ахмети, дополнувајќи дека има две институции коишто треба да се занимаваат со примената на тој закон./МИА

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер