Болидот Корвета 2020 настрада веднаш по премиерата (ВИДЕО)

На три недели по премиерата, новата Корвета 8 на Џенерал Моторс предвидена за 2020 веќе се претвори во старо железо.

Само по три недели од премиерата , кога уште не е почаната испораката на возилата , тест возачот ја здроби најновата сина Корвета 8 . Веројатно е дека болидот сеуште е во сопственост на Џенерал Моторс.

Според видеото , болидот удрил во пик ап на Форд и во Chevrolet Equinox.

Штетата очигледно е голема , но не се знае како поминал тест возачот.

Видео: Пресушија Викториините водопади

Викториините водопади настанале на местото каде што африканската река Зембези пропаѓа во 100 метарска провалија. 

Убавината на водопадите привлекуваше милиони туристи во Зимбабве и Замбија а сега се пресушени заради најголемата суша во последните сто години.

Иако е вообичаено за време на сушните периоди овие водопади да подзапрат, оваа година дошло до неочекувано опаѓање на нивото на водата. Се стравува дека климатските промени би можеле трајно да ги уништат водопадите.

„Претходните години, кога ќе пресушеа, тоа не се случуваше во толкава мера“, вели Доминик Њамбе, продавач на сувенири. „Ова прв пат го гледаме“, додава тој.

Овој продавач вели и дека веќе опаднал бројот на туристи кои виделе на интернет дека водопадите пресушиле.

Проблемот е што целата област е погодена од суша и што многу луѓе останале и без храна. Се проценува дека помош им е потребна на околу 45 милиони луѓе.

Зимбабве и Замбија се погодени и од рестрикција на струја, затоа што производството на оваа енергија зависи исклучиво од хидроелектраната Кариба која се наоѓа на реката Замбези.

Официјалните податоци покажуваат дека нивото на реката Замбези е под она во 1995 година, што било најниско забележано ниво досега. Претседателот на Замбија Едфар лунгу рекол дека ова е предупредување за тоа што климатските промени можат да и направат на нашата животна средина.

Викториините водопади се едни од најголемите и најспектакуларните во светот.

Видео: Битка за живот или смрт помеѓу питон, јазовец и чакал

Кога сте на сафари во Африка тогаш сигурно ќе бидете сведок на некоја борба помеѓу животните кои таму живеат.

Така Роселин Керјосе на сафари снимила неверојатна борба на три животни јазовец, питон и чакал.

Кога почнала да снима, јазовецот бил во смртна опасност бидејќи питонот го фатил и го стискал со целото свое тело.

За среќа на јазовецот, еден пар чакали се вмешале во пресметката и јазовецот успеал да се извлече од смртта.

Тоа што требаше да биде лесен оброк за питонот се претвори во напад на тројца врз еден кога јазовецот и чакалите се свртеа против питонот.

Од оваа средба јазовецот излезе како победник и се сокри со својот ручек зад грмушката.

Во Италија се повеќе куќи по цена од едно евро

На новите жители им се нудат бројни даночни олеснувања.

Во Италија има се повеќе градови во кои е можно да се купи куќа за само едно евро. Многу италијански градови и села редовно објавуваат дека продаваат стари недвижнини по симболична цена од едно евро во обид да спречи се поизразениот тренд на депопулација.

Во последните години има се повеќе градови кои се „натпреваруваат“ да најдат купувачи за недвижнините кои со години стојат напуштени. Еден од нив е и Бивона, мал град во срцето на Сицилија, каде што на новите жители им се нудат бројни даночни олеснувања за покрај недвижнината од едно евро да отворат и некој бизнис, пренесува „Фена“.

притисни ентер