Заев: Нема да дозволам педер, суетен новинар и криминалци да ја урнат Владата

„Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. Не. Ќе се бориме до крај затоа што секој кој се инволвирал секако ќе си носи одговорност, рече Заев.

Премиерот Зоран Заев изјави дека нема да дозволи индивидуалци ја срушат власта, верува во темелна и брза истрага за случајот „Рекет", којашто ќе ги покаже доказите за, како што вели, секој случај, вклучително и за Катица Јанева, Зоран Заев и за кој било.

Смета дека сега не е момент за предвремени избори со оглед на очекувањата за добивање датум за преговори за членство со Европската унија, повторувајќи дека октомври следната година е најидеален термин за избори.

– Верувам во транспарентни, многу прецизни и брзи истраги, посебно за ваквите случаи. Јавно отфрлив секаков вид шпекулации и споменувања со моето име и стојам целосно зад тоа. Оваа политичка гарнитура преку извршната власт создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, да работи непречено без разлика дали некој бил газда на медиум што ја поддржувал власта, денеска тој е во притвор, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања на приемот по повод 18 годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Тој дополни дека презумпцијата на невиност треба да се почитува без разлика дали е некој инкриминиран и има индиции за некој што е на висока позиција како што е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

– Без оглед дали е таа или кој било законот мора да важи еднакво за сите. Затоа повторуваме постојано дека очекуваме темелна истрага, презумпцијата на невиност ни дава обврска на сите да не го квалифицираме никој дека е виновен без докази, но секаде каде ќе се утврдат докази, секој кој е инволвиран со земање пари што се појавува во тој скандал, секој кој го прекршил законот треба да си одговара, рече Заев.

Според него, актуелната политичка гарнитура многу одамна испратила порака дека кај неа нема политички калкулации, напоменувајќи дека и кај кај како како и сите држави коишто создавале услови органите на прогонот да си ја вршат работата процесите не биле лесни, туку трауматични. – Секаде било трауматично. И кај нас не е лесно и е трауматично, но така ќе бидеме правна држава која што ја посакуваме сите, рече Заев.

Во однос на шпекулациите, како што рече, коишто одат дотаму, обидувајќи се да го инволвираат во случајот, порача дека дошол на власт благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, правна држава, владеење на правото и нормална земја и оти ќе продлжи да се бори за тие вредности.

– Јас сум човек борец и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. Не. Ќе се бориме до крај затоа што секој кој се инволвирал секако ќе си носи одговорност, рече Заев.

Прашан дали смета дека Јанева го изневерила рече дека „за него е идиотски настапот засега согласно со досегашните докази". – Очекувам истрагата да ги покаже доказите за секој случај, вклучително за Катица Јанева, Зоран Заев, за кој било случај. Апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото, изјави Заев, посочувајќи дека и народот чека разрешница која што смета дека ќе ја донесе истрагата, а се друго, како што нагласи, е политиканство и политики.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

И денеска продолжуваат настаните поврзани со одбележувањето на четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО.

Со одржување на информативен ден на НАТО програмата насловена „Наука за мир и безбедност“. Информативниот ден го отворија министерката за одбрана Петровска и шефот на одделот за управување и координација на алијансата Клаудио Палестини.

Собранието ја донесе декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од НАТО

Собранието на денешната последна пленарна седница на овој парламентарен состав ја усвои декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од НАТО и 75 години од основањето на алијансата.

До 4 април кога почнува изборната кампања спикерот Јован Митрески вели дека има простор за уште една седница, за евентуално итни прашања. На денешниот брифинг Митрески потврди дека додека трае изборната кампања нема да има седници и сите други активности на Собранието ќе бидат сведени на неопходниот минимум со цел да се избегне можноста за злоупотреба на собраниската говорница.

Ова се редовни парламентарни избори и согласно Уставот, Собранието не е распуштено и останува во постојано заседание, потсети спикерот.

До 12 мај тој треба да ја свика седницата за инаугурацијата на новиот претседател а најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната седница на идниот парламентарн состав. Инаку, денеска декларацијата за НАТО беше изгласана со 87 гласа „за“ и два „против“

притисни ентер