Што експлодира во Русија – радиоактивноста 16 пати над нормалата , евакуација на населението

Руските власти не откриваат што точно експлодира на крајниот север на земјата , при што загинаа петмина нуклеарни инженери.

Денеска, на четири дена по експлозијата и тајниот погреб на нуклеарните инженери , во регионот е за 16 пати зголемена радиоактивноста , а властите му наредија на населението да се евакуира.

Уште двајца врвни научници се лекуваат во Москва. Се претпоставува дека во воената база било тестирано ново балистичко оружје , ракета на нуклеарен погон наречена ,,Буревјасник”.

Научниците во моментот на несреќата тестирале мотор на нуклеарен погон. Нивото на радиоактивност во рускиот град Северодвинск се зголемило меѓу 4 и 16 пати на 8 август, по несреќата во која властите утврдиле дека биле вклучени ракетни тестови од  платформа во морето, објави во вторникот Руската агенција за метеорологија.

Министерството за одбрана најпрвин објави дека радиоактивното зрачење останало на нормално ниво по несреќата во четвртокот, но градските власти на Северодвинск во северна Русија откриле пораст на нивото на зрачење.

Гринпис тврди дека нивото на зрачење е зголемено за 20 пати, додека руската метеоролошка агенција „Росхидромет“ во вторникот објави дека се зголемила меѓу 4 и 16 пати. Руските власти ги советувале жителите на селото Нинокса да го напуштат по несреќата ,а лекарите кои ги лекувале жртвите биле испратени во Москва на медицински преглед, објавија во вторникот новинските агенции Интерфакс и ТАСС.

„Добивме известување за планираните активности на воените власти. Во врска со ова, жителите на Нинокса беа поканети да го напуштат селото на 13 август“, соопштија властите на Северодвинск, пренесува Интерфакс.

Според ТАСС, лекарите кои им помагале на жртвите од несреќата биле испратени во Москва на преглед, а пред да заминат потпишале документ во кој ветуваат дека нема да откриваат информации за инцидентот.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер