Заев : Охридскиот рамковен договор постави основа за натамошно градење доверба помеѓу различните етнички заедници

Изминаа 18 години откако на денешен ден во 2001 година политичарите по долгите исцрпувачки преговори постигнаа договор и ставија крај на конфликт кој ѝ се закануваше на земјата, рече премиерот Зоран Заев. 

Охридскиот рамковен договор постави основа за натамошно градење доверба помеѓу различните етнички заедници кои живеат тука, во иста земја, под исто сонце.

Договорот гарантираше дека насилството не смее и никогаш веќе нема да биде механизам за остварување какви било политички цели и интереси.

Денес во нашата земја се гарантира целосно почитување на принципот на недискриминација, како и рамноправен и правичен третман на сите лица пред законот.

Јас сум горд што покажавме дека овој договор е функционален и дека со заеднички ангажман на сите граѓани од сите заедници ја внесуваме Северна Македонија во НАТО, градиме консензус и ги спроведуваме реформите кои земјата ја носат кон Европската Унија.

МВР: Да не се употребуваат петарди и да се пријавува нивна продажба

Министерството за внатрешни работи во пресрет на новогодишните празници денеска упати апел да не се употребуваат петарди и да се пријавува нивна продажба. 

Укажува на статистичките податоци според кои  над 150.000 луѓе во светот секоја година остануваат инвалиди поради користење петарди, а од нив 80 отсто се деца.

-Неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку телефонскиот број 192. Апелираме особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје, соопшти МВР.

Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Одделенијата за превенција при Секторите за внатрешни работи спроведуваат кампањи, изработуваат флаери и плакати и одржуваат различни предавања преку кои укажуваат на можните последици од употребата на пиротехничките средства. Полициските станици, пак, со спроведување на акциски контроли и проверки работат на откривање и санкционирање на лицата кои вршат нелегална продажба на пиротехнички средства.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев треба да им одговорат на граѓаните за бројните скандали

Криминалниот СДСМ е прочитан од граѓаните и му се ближи крајот па затоа Заев се обидува спасот да го најде во дефокусирање со креирање на лажни вести.

СДСМ и Заев треба да одговорат на граѓаните за бројните скандали, а не да лажат и измислуваат.

Каде заврши торбата полна со пари од случајот „Рекет"?

Зошто се уништи добар инсулин?

Зошто функционерите на СДСМ не одговараат пред лицето на правдата?

Каде одат парите со кои СДСМ ја задолжува Република Македонија?

Низа други прашања заслужуваат одговор.

За лагите, измамите и потценувачкиот однос кон јавноста, СДСМ ќе го добие одговорот од граѓаните на 12-ти април. Граѓаните ќе стават крај на владеењето на криминалната влада на СДСМ и ќе започне обнова на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Димитров: Пораките на охрабрување не се доволни, ни треба одлука за преговори со ЕУ

Мислам дека овие пораки се позитивни и потребни, но во оваа фаза за нас и за мене како министер за надворешни работи многу е тешко да зборуваме за надеж откако трипати удривме во ѕид.

EУ мора наскоро да го исполни ветувањето за отворање на преговорите за членство со  Македонија, истакнува шефот на дипломатијата Никола Димитров во изјава за АФП предупредувајќи оти не се доволни пораките на охрабрување по октомврискиот состанок на Европскиот совет на кој не беше донесена одлука за старт на пристапниот процес.

– Мислам дека овие пораки се позитивни и потребни, но во оваа фаза за нас и за мене како министер за надворешни работи многу е тешко да зборуваме за надеж откако трипати удривме во ѕид – во јуни 2018, јуни 2019 и во октомври годинава, изјави Димитров.

Неопходно е, нагласува тој, да биде донесена одлука што ќе им даде вистинска надеж на луѓето дека Европа е сериозна во однос на нашата европска перспектива.

АФП потсетува дека ЕК и другите институции на ЕУ јасно кажале дека Северна Македонија ги исполни сите услови и задачи што и беа зададени и оти треба да почне преговори за членство, но на Самитот на ЕУ на тоа се спротивстави Франција.

За француското вето, Димитров вели дека право на Париз е да отвори легитимна дебата за пристапниот процес, а Северна Македонија е подготвена да го прифати тоа и да биде подложена на дополнителен надзор вклучувајќи го принципот на реверзибилност.

И покрај разочарувањето од ЕУ во октомври, Димитров вели дека Скопје нема да ја повтори грешката по Самитот на НАТО во 2008 кога не доби покана за членство поради спорот за името со Грција и влезе во ќорсокак.

– Ние избегнавме да ја повториме таа грешка. Остануваме фокусирани на целта. Во наредните неколку недели сакаме да постигнеме дополнителни реформски резултати кои ќе го зацврстат нашиот случај и ќе направат да стане невозможно ново „не" од земјите членки на ЕУ, истакнува Димитров.

Следната можност да се поправи грешката и да биде донесена одлука за старт на преговорите со Скопје и Тирана, е Самитот на ЕУ лидерите во Загреб на 6 и 7 мај наредната година. 

притисни ентер