Мистериозно труење на јахта на Хвар – почина Италијанец , петмина во тешка состојба

Тројца возрасни и две деца се во болницата во Сплит , а еден 57 годишен менаџер од Италија почина со симптоми на тешко труење.

Поради наводно труење со храна , почина 57 годишниот Италијанец Еугенио Винчи , додека меѓу затѕруените е и поранешен италијански сенатор и актуелен градоначалник на местото Сант Агата ди Милитело. Двете деца се во критична состојба , информираат од сплитската болница , со тоашто им откажуваат виталните органи како последица на труење или на непознато заболување.

Сите биле од Хвар со хеликоптери донесени во Сплит. Полицијата го истражува случајот и се сомневаат на труење со храна , додека докторите се сомневаат на нешто друго.

Според медиумите , сите шест лица вчеравечер биле на вечера во ресторан на Хвар. мажот починал во текот на ноќта. Сомневањата доаѓаат од таму што само две лица јаделе школки , а се затруле сите.

На Италијанецот му се слошило во бродскиот тоалет и при падот удрил со главата во ѕид. Според медиумите, на бродот силно мирисало на нафта , што може да биде причина за труење со вдишување на опасните испарувања.

Повеќе детали од полицијата најавуваат за утре.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер