Лукаревска : Надминавме 10 милиони скенирани сметки преку ‘Мој ДДВ’ , 85.000.000 денари во џебот на граѓаните

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска и градоначалникот Илија Јованоски денеска беа на средба со прилепските угостители.

Градоначалникот Илија Јованоски, денеска во својот кабинет оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. На средбата стана збор за новиот принцип на работа од страна на УЈП, при што инспекторите за време на редовните контроли, наместо казни, најпрво ја користат опомената како средство за подобрување на фискалното работење на угостителските објекти, колонијалите и другите даночни обврзници.

„Денеска сме во посета на Општина Прилеп, со посредство на градоначалникот Илија Јованоски на средба со прилепските  угостители. Се надеваме на одлична комуникација и соработка со нив, затоа што пред се’ сакаме да градиме партнерски однос со секој даночен обврзник, а угостителите се исто така многу битна целна група. Зеднички да се бориме против сивата економија и заедно да ги рзагледаме предностите и слабостите на Управата за јавни приходи.  Ќе разговараме и за новините во Законот за готовински плаќања како и за предностите од ублажувањето на казнената политика која е детерминирана во новиот Закон за прекршоци. Секако дека ќе ги слушнеме и впечатоците од  проектот  ‘Мој ДДВ’,  да видиме дали навистина граѓаните се’ повеќе бараат да им се издаваат фискални сметки, а врз основа на тоа да се заштитиме од нивното сторнирање. За пофалба е тоа што веќе надминавме 10 милиони скенирани сметки преку проектот ‘Мој ДДВ’ и тоа што преку 85.000.000 денари ќе завршат во џебот на граѓаните, токму преку оваа мерка“, посочи Лукаревска во својата изјава.

„Денеска ќе оствариме средба со прилепските угостители, ќе продискутираме за начинот на контролите и за казнената политика, а како што во повеќе наврати кажа Владата и директорката Лукаревска, нема да се оди директно со казни туку прво со опомена. Нашата соработка со УЈП досега се одвиваше одлично, а со исто темпо ќе продолжиме и понатаму. Во овој момент сакам да ја изразам мојата благодарност до Управата за јавни приходи, затоа што за време на годинешниот ‘Пиво фест’, УЈП покажа професионален, добар и ефикасен однос, вршејќи навремени контроли без да ја попречи работата на угостителите кои зедоа учество на тој настан“, истакна градоначалникот Јованоски.

На средбата со угостителите, сите присутни заеднички се согласија дека е најбитно да се гради партнерски, а не репресивен однос со даночните обврзници.

Лавров : Мировниот план на Трамп прво треба да биде проценет од меѓународната заедница

Мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Израел и палестинските територии треба да се процени на меѓународно ниво пред објавувањето, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија, САД , Европската Унија и Обединетите нации треба да ги оценат предлозите на планот, рече Лавров, јави руската новинска агенција Интерфакс.

„Мораме да ги почекаме официјалните предлози и да видиме од прва рака каква позиција имаат директнио засегнатите страни “, изјави рускиот министер пред новинарите во Москва.

Во последниве години, Русија презеде сè поголема улога во посредувањето меѓу Израел и палестинската власт. Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со израелскиот и со палестинскиот лидер минатата недела.

Трамп по средбата со израелескиот премиер Бенјамин Нетанјаху го објави планот на прес кнференција во Белата куќа.

Паника во Тирана и во Драч по силниот земјотрес (ВИДЕО)

Силен земјотрес е почувствуван во Тирана и Драч околу 21:15 часот.

Јачината  на земјотресот била  5,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во  Драч.

Земјотресот предизвика паника кај граѓаните кои ги напуштија своите домови, известуваат албанските медиуми .

На улиците на двата града имало интензивен сообраќа од жителите , кои се обидуваат да избегаат подалеку од градот.

Засега нема информации за повредени или за причинета штета .

Силен земјотрес од 5 степени по Рихер вечерва го погоди Драч- жителите бегаат во страв (ВИДЕО)

Вечерва во 21,15 часот Драч во соседна Албанија беше погоден од земјотрест од 5 степени по Рихтер. Земјотресот е пчуствуван и во западните делови на Македонија , во Дебарскиот регион.

Телеметриската сеизмолошка мрежа наМакедонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва, 28 јануари 2020 година, во 21 часот и 15 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 km југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, Рихтеровата локална магнитуда изнесува ML=5 степени, а почувствуван е во западните делови на Македонија, особено од населението во Дебар и околината со интензитет од III до IV степени, според Европската макросеизмичка скала, се наведува во соопштението од опсерваторијата. 

притисни ентер