Огромен пожар на остров во близина на Атина , градот обвиен со чад (ВИДЕО)

На островот Евиа во близина на Атина беснеат големи пожари поттикнати од силниот ветар ,а евакуирани се жителите од две села.

Пожарите избувнаа во четири региони во Грција ,а последните три дена биле гасени дури 182 шумски пожари. Вкупно 227 пожарникари , пет хеликоптери и шест канадери се борат со огнот на островот Евиа , каде е евакуиран и стар манастир.

Густиот чад ја обви и Атина , оддалечена 11 километри од островот. Евакуирани се жителите од селата Контодеспоти и Макримали.

.

Грчката телевизија објави снимки од густ чад што се шири поради силните ветришта. Нема информации за жртви , освен дека огнот навлегол во селата.

Минатата година во предградието на Атина , Мати , загинаа 100 луѓе.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер