Дневен хороскоп за 14. август 2019 година

Дневен хороскоп за среда , 14. август 2019 година.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Нема да дозволите да ве збуни провокацијата од другата страна. напротив , тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зајакнете врската.

Кариера

Ќе ви биде потребна добра доза на самоконтрола за да се воздржите од искушението да се откажете од некои за вас важни деловни планови.

Здравје и совет

Немојте да се предавате .

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Изразувањето на лично незадоволство не е начин за да ги подобрите личните односи , доколку во исто време не предлагате некои конкретни решенија.

Кариера

На некои ќе им изгледа како да им е се однапред зацртано , па немаат многу простор за маневрирање.

Здравје и совет

Поработете на себеси.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе бидете заинтригирани од една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.

Кариера

Зацртајте го оној минимум што треба професионално да го изработите и држете се до тоа. Се што е повеќе , ќе биде добивка.

Здравје и совет

Можете да ги средите недоразбирањата.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои можеби се цел на различни додворувачи , денеска ќе бидат лесно подложни на нивното влијание. Оние во врска ќе бидат добро.

Кариера

Добро ќе соработувате со сите, а најдобро со младите соработници или со деца. Тоа ќе ви биде уживање.

Здравје и совет

Дишете со полни гради.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно денеска се ќе ви оди како забава. Можно е излегување и лудо забавување  без емоционално влијание.

Кариера

Се отвораат нови можности за соработка , но само доколку постапувате професионално и одмерено.

Здравје и совет

Продолжете со истражувањето на методите за здрав живот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве измачува. Тоа ќе биде позитивно поместување и благо олеснување.

Кариера

Ќе чувствувате силна желба и потреба за да ги презентирате своите способности , но сеуште нема да добиете шанса. Почекајте.

Здравје и совет

Продолжете со грижата за вашето здравје.  

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Доколку нешто ве измачуваше , денеска ќе се соочите со тоа на вистински начин. Можеби енма да пеете, но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.

Кариера

Пред вас се нови можности , но пред да се впуштите во новата работа, ќе треба да решите една што ви е заостаната.

Здравје и совет

Ќе го надминете малиот стрес.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Партнерот ќе ве покани да излезете , па дури и да отидете на полудневен излет. Доколку прифатите, ќе си поминете одлично.

Кариера

Ќе согледате повеќе од другите , но моментално нема да можете многу да направите за да ја смените состојбата.

Здравје и совет

Зголемување на општата виталност.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Веројатно и денеска ќе уживате во друштвото на личноста која ја сакате или ќе се трудите да освоите некој кој ви се допаѓа.

Кариера

Сеуште не сте навикнати дека пшречките се урнати , па цело време се чудите како тоа работите полесно и подобро соработувате со другите.

Здравје и совет

Не коментирајте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Било да сте млади или стари . ќе бидете несигурни со низа љубовни прашања за целта на заедничката врска. Од вас се бара поголема толеранција.

Кариера

Треба малку повеќе да се поработи , а сеуште не сте прилагодени кон новото темпо , па ќе бидете незадоволни. Стиснете заби , организирајте се и работете.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои ќе се подготвуваат за важни зборови и во главата ќе кројат важен говор. Не изразувајте го она што го мислите , почекајте.

Кариера

Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место , зашто не само што имаат убава работа, туку и односите со колегите се подобрени.

Здравје и совет

Никогаш не е доцна за добра мисла.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе се двоумите околу тоа колку да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка. Сетете се на своите задачи и кон што тежнеете.

Кариера

На дневен ред ќе се најдат морални , правни и организациски дилеми. Вие сето тоа ќе мора да почнете да го решавате.

Здравје  и совет

Размислувајте шетајќи.

Полицаец ја лажел јавноста дека е два пати погоден од снајпер

Властите на Лос Анџелес соопштија дека заменикот шериф , кој тврдел дека два пати е погоден со снајпер , лажел .

Заменикот шериф Ангел Реиноса , кој тврдел дека е погоден , си исекол две дупки во униформата за да изгледаат како да се од куршум , а потоа лажел дека е погоден.Тој учествувал во полициската акција во средата и се јавил за да им каже на колегите дека е погоден.

,,Погоден сум од северната страна на Ланкастер, ме погоди во десното рамо“, рече избезумено Реиноса на радиоврската.

„Кошулата ми е искината на десното рамо. Мислам дека пука со снајпер од прозорецот на станот“, зборувал полицаецот со испаничен глас.

Риноса денеска е ослободен од своите должности и се соочува со кривична пријава.

Бебек заедно со Селма од песната на „Бијело Дугме” го прославија нејзиниот 90. роденден

Пејачот на легендарниот бенд „Бијело Дугме”, Жељко Бебек се дружеше со Селма од популарната песна.

Песната „Селма“ авторот Владо Дијак и го посветил на жена во која бил толку вљубен што од нејзиното патување на факултет направил една од најубавите љубовни песни. Селма Бориќ денеска има 90 години , а Жељко Бебек ја посети за да и го честита роденденот. Тој на социјалните мрежи ја објави и заедничката фотографија.

„Драга моја Селма го прослави својот 90-ти роденден… Среќен роденден од срце“, напиша Бебек на фотографијата каде заедно со Селма позираат заедно и пијат шампањ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

... moja draga Selma proslavila 90.ti rodjendan ... sretan rodjendan od 💝 #selma #bijelodugme #ononestonase

A post shared by BEBEK (@zeljkobebek) on

Владо и таа се запознале во 1945 година.

"Јас во тоа време имав 16 години. Лежев со девојките на тревата, а Владо лежеше со момчињата наспроти. Тој ја кубеше тревата и ме гледаше цело време. Се чини дека тој беше заинтересиран за мене, а подоцна се запознавме на корзо. Еднаш ме сретна додека тргнував на пат, па го носеше куферот. Отидовме на станицата и тој ми помогна да се качам во возот. Имаше отворен прозорец и тој ми рече: „Селма, не се потпирај на прозорецот“ “, раскажа Селма пред неколку години за хрватските медиуми.

Таа призна дека многу ја сака оваа песна, но дека на почетокот никој не и верувал дека е посветена за неа. Владо никогаш не и признал на Селма дека е заљубен во неа, но подоцна рекол дека страдал четири години.

Галеб спасил Швеѓенец од шестмесечна затворска казна

Швеѓенец се спасил од сигурнио апсење , кога галеб му ја грабнал кесичката со марихуана и одлетал , додека му се приближувала полицијата.

Полицајците патролирале во цивилна облека на Фестивалот на културата во Гетеборг и виделе жена како слободно пуши марихуана. Додека оделе кон неа, забележале маж во нејзино друштво со кесичка марихуана.

Во моментот кога требале да му пријдат на мажот, долетал галеб и му ја грабнал кесичката на мажот . Така полицијата останала без доказ и не го казнила Швеѓанецот.

Инаку , во Шведска казните за ваков вид прекршок се ригорозни и се казнуваат со гоелми парични казни и затвор до шест месеци.

Жената не успеала да се спаси и била уапсена, а полицајците само можеле да го гледаат галебот како исчезнува со доказот за мажот.

притисни ентер