Фото: Елегантната Никол

Атрактивната  пејачка Никол Шерзингер веќе неколку месеци посебно  внимава на својот изглед, форма и исхрана.

 Сето ова сексапилната Никол го прави поради тоа  што ја очекуваат снимањата на новото шоу „Австралија има талент“.

Никол сега ги покажа плодовите на својата тешка и исцрпувачка работа во теретана, каде долго правеше вежби за рамена, нозе, задник...

Убавата пејачка со фотки во елегантно издание на социјалните мрежи се пофали дека пристигнала во Сиднеј.

Експлодира астероид во близина на Земјата (ВИДЕО)

Парче астероид што експлодира во близина на Земјата е на дното на едно од Големите езера во Северна Америка.

Астероидот летал кон нашата планета од правецот на Марс и влегол во атмосферата оставајќи зад себе огнена трага. Многу очевидци изјавиле дека виделе огнена топка на небото како минува половина милион милји пред да падне во езерото во вторникот вечерта, пренесува РТ.

Питер Браун, научник кој проучува метеори, тврди дека траекторијата на овој вселенски камен открива дека дошол од астероиден појас веднаш зад Марс.

Астрономот од Универзитетот во Западен Онтарио сподели снимка од опсерваторијата на Твитер, а може да се види како овој астероид го осветлува ноќното небо.

Дури и најмалите парчиња метеори блескаат затоа што се запалуваат кога влегуваат во атмосферата на нашата планета. Браун проценува дека ова парче е всушност дел од многу поголем метеор и смета дека е голема како топче за софтбол.

Американското метеоролошко друштво објави дека најмалку 20 луѓе го виделе овој астероид од разни локации на брегот на Северна Америка.

Засега нема информации дека астероидот наштетил на нечиј имот.

Обединетите нации стравуваат дека астероид во иднина би можел да ги погоди густо населените области на Земјата, па 30 јуни беше назначен за Меѓународен ден на астероидите за да се подигне свеста за таков потенцијално катастрофален настан.

Што се случува со Мадона- ја прекинува турнејата и постојано користи екстремни третмани за опуштање (ВИДЕО)

Иако духот може да остане младешки засекогаш, сепак телото го трпи товарот на годините.

Влегувајќи во када полна со мраз, Мадона, која сега има 61 година, направи болна гримаса за тоа што и се случува во моментот, додека нејзиното дваесет и петгодишно момче, танчарот Ахмалалик Вилијамс, внимателно ја следи седнат до  неа.

Светската турнеја на Мадона во  Америка и Европа, која ќе трае 93 дена, е извонреден напор за секој изведувач, а особено за некој кој има 61 година.

Турнејата  ,,Мадам Х” започна во септември, проследена со низа откажани настапи. Досега има осум концерти што не се одржале , а биле прекинати на барање на лекарот бидејќи Мадона се борела со „голема болка“ и исцрпеност, и покрај низата третмани кои вклучуваат трансфузија на крв, ледени бањи и масажи.

Со богатство од 400 милиони фунти и над 300 милиони продадени албуми, кралицата на поп музиката не мора никому да се докажува. Сепак, станува збор за нејзината решеност дека концертите мора да продолжат , а не од желбата да заработи повеќе пари или да добие уште поголема слава, пренесува Mirror.

Пред да го откаже наредниот концерт , Мадона им порача на своите фанови: „Да се ​​прави концерт секоја вечер ми носи толку многу радост што откажувањето го доживувам како вид казна. Болката што моментално ја чувствувам е преголема и треба да се одморам и да го послушам советот на лекарот за да можам да се вратам посилна и подобра. Иако настапите на Мадона досега биле организирани во огромни арени, овој пат концертите се изведуваат во театри каде сцената е поблиску до седиштата, со цел да се поврзе поп-sвездата со нејзината публика. На концертите, мобилните телефони не смеат да вклучени за публиката да биде фокусирана на настаните на сцена и да уживаат во концертот, за кој издвоиле од 50 до 750 долари.

Георгина на Роналдо танцува салса во тесни хеланки (ВИДЕО)

Додека Кристијано Роналдо не се поти на теренот во дресот на Јувентус, неговата скоро 10-годишна девојка Георгина Родригез обожава да танцува, особено салса.

Во видеото на Јутјуб, Шпанката танцува занесено во сиви хеланки и потпетици.

Фановите ја опсипаа со коментари за нејзиниот изглед, како и вештината на танцување.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Cuando te permites lo que mereces, atraes lo que necesitas. 🌸Buen día 🌸 @aloyoga 🌍

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Георгина танцува во школата за танц Скула ди Бало Сампаоли. Покрај танцувањето, таа редовно оди во теретана и од таму речиси секој ден ги известува следбениците на Инстаграм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🧜🏽‍♀️ @aloyoga

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Buenos días con energía 🧡 @aloyoga

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Mirarte a los ojos y poder ver que allí está mi mundo ❤️🌌

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

притисни ентер