Гори грчкиот остров Евиа: Евакуиран манастир, жителите на готовс

Голем пожар се активираше во шумскиот дел на грчкиот остров Евиа. Евакуиран е манастир, а на локалното население од три села им било кажано да бидат подготвени за евакуација.

Во гаснењето на пожарот од 3 утрината се активирани 80 пожарникари со 39 возила, четири авиони и два хеликоптери, јавуваат грчките медиуми.

 Силниот ветер и непристапниот терен го отежнуваат напорот на пожарникарите да ја стават под контрола огнената стихија.

 Густиот чад, како што пренесуваат грчките медиуми, е стигнат до Атина.

притисни ентер