Климатските промени предизвикуваат засилени турбуленции во авионите

Според најновите судии , објавени во научното списание Science Alert, над северниот Атлантски океан ќе има засилени турбуленции во авионите поради промена на струите на ветровите, како резултат на климатските промени.

Така, една од главните причини за турбуленции при ведро време е т.н. завлекување на ветрот , односно метеоролошка појава во која ветровите се вкрстуваат под парав агол или во спротивна насока. Научниците во новата студија објавена во угледниот журнал „Nature“ откриле статистички значајно зголемување на вертикалната струја на ветрот над северниот Атлантик, на надморска височина на која летаат авионите.

Набљудуваните измени може да имаат значително влијание врз авијацијата, бидејќи просечно низ таа област поминуваат околу 3.000 летови дневно.

Студијата се концентрираше на регионот од две главни причини: Северноатлантскиот океан е најпрометниот прекуокеански коридор во светот, а летовите што минуваат низ областа обично се изложени на ветер.

"Некои климатски модели веќе предвидоа двојно односно тројно зголемување на турбуленциите до средината на 21 век. Ги анализиравме податоците и забележавме дека еден од нивните клучни двигатели навистина се засили", рече климатологот Симон Х. Ли, шеф на истражувањето, додавајќи дека патниците не треба да бидат загрижени за зголемувањето на турбуленциите бидејќи тие не се причина за несреќите.

„Шансата авион да се сруши како резултат на турбуленција е - нула“, рече тој.

Полицаец ја лажел јавноста дека е два пати погоден од снајпер

Властите на Лос Анџелес соопштија дека заменикот шериф , кој тврдел дека два пати е погоден со снајпер , лажел .

Заменикот шериф Ангел Реиноса , кој тврдел дека е погоден , си исекол две дупки во униформата за да изгледаат како да се од куршум , а потоа лажел дека е погоден.Тој учествувал во полициската акција во средата и се јавил за да им каже на колегите дека е погоден.

,,Погоден сум од северната страна на Ланкастер, ме погоди во десното рамо“, рече избезумено Реиноса на радиоврската.

„Кошулата ми е искината на десното рамо. Мислам дека пука со снајпер од прозорецот на станот“, зборувал полицаецот со испаничен глас.

Риноса денеска е ослободен од своите должности и се соочува со кривична пријава.

Бебек заедно со Селма од песната на „Бијело Дугме” го прославија нејзиниот 90. роденден

Пејачот на легендарниот бенд „Бијело Дугме”, Жељко Бебек се дружеше со Селма од популарната песна.

Песната „Селма“ авторот Владо Дијак и го посветил на жена во која бил толку вљубен што од нејзиното патување на факултет направил една од најубавите љубовни песни. Селма Бориќ денеска има 90 години , а Жељко Бебек ја посети за да и го честита роденденот. Тој на социјалните мрежи ја објави и заедничката фотографија.

„Драга моја Селма го прослави својот 90-ти роденден… Среќен роденден од срце“, напиша Бебек на фотографијата каде заедно со Селма позираат заедно и пијат шампањ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

... moja draga Selma proslavila 90.ti rodjendan ... sretan rodjendan od 💝 #selma #bijelodugme #ononestonase

A post shared by BEBEK (@zeljkobebek) on

Владо и таа се запознале во 1945 година.

"Јас во тоа време имав 16 години. Лежев со девојките на тревата, а Владо лежеше со момчињата наспроти. Тој ја кубеше тревата и ме гледаше цело време. Се чини дека тој беше заинтересиран за мене, а подоцна се запознавме на корзо. Еднаш ме сретна додека тргнував на пат, па го носеше куферот. Отидовме на станицата и тој ми помогна да се качам во возот. Имаше отворен прозорец и тој ми рече: „Селма, не се потпирај на прозорецот“ “, раскажа Селма пред неколку години за хрватските медиуми.

Таа призна дека многу ја сака оваа песна, но дека на почетокот никој не и верувал дека е посветена за неа. Владо никогаш не и признал на Селма дека е заљубен во неа, но подоцна рекол дека страдал четири години.

Галеб спасил Швеѓенец од шестмесечна затворска казна

Швеѓенец се спасил од сигурнио апсење , кога галеб му ја грабнал кесичката со марихуана и одлетал , додека му се приближувала полицијата.

Полицајците патролирале во цивилна облека на Фестивалот на културата во Гетеборг и виделе жена како слободно пуши марихуана. Додека оделе кон неа, забележале маж во нејзино друштво со кесичка марихуана.

Во моментот кога требале да му пријдат на мажот, долетал галеб и му ја грабнал кесичката на мажот . Така полицијата останала без доказ и не го казнила Швеѓанецот.

Инаку , во Шведска казните за ваков вид прекршок се ригорозни и се казнуваат со гоелми парични казни и затвор до шест месеци.

Жената не успеала да се спаси и била уапсена, а полицајците само можеле да го гледаат галебот како исчезнува со доказот за мажот.

притисни ентер