Земјотрес во Албанија , почувствуван и во Црна Гора

Земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер попладнево го погоди северниот дел на Албанија.

Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар , епицентарот на земјотресот е на 70 километри северно од Тирана на длабочина од 10 километри.

Силниот земјотрес со нешто послаб интензитет е почуствуван и во Црна Гора и тоа во Подгорица , Бар и Улцињ.

Нема информации за причинета штета или повредени.

притисни ентер