Но , еден астрофотограф успеа да сними нешто што се случува еднаш во неколку милениуми – експлозија во горните слоеви на Јупитер. Во средата , на 7. август Итан Чепел од Тексас снимни удар на метеор во далечниот Јупитер.
,,Ноќеска го снимав Јупитер. Ова многу потсетува на блесок при удар.” напиша Американецот на Твитер. Ударите на метеори со висок сјај не се толку ретка појава на Јупитер.
Чести се и на Земјата , но нашата планета е далеку помалку привлечна , поради гравитацијата отколку оваа џиновска планета.
Според научна студија од 1998 година , веројатноста дека некој објект ќе удри во Јупитер е меѓу 2 000 и 8000 пати поголема отколку удар во Земјата. Но , тоа не значи дека такво нешто нема да се забележи , иако да се сними моментот на експлозијата е неверојатна реткост.
„Тоа е брз настан, сè трае неколку секунди“, рече астрономот Џонти Хорнер од Универзитетот во Јужен Квинсленд во Австралија.
„Можеби не забележувате дека гледате низ телескопот. Многу пати ваквите настани минуваат незабележано, а половина од нив се случуваат на другата страна на планетата“, додаде тој.
Можно е овој удар да остави еден вид лузна на Јупитер што подоцна може да се анализира со други инструменти, на пример со помош на вселенското летало Џуно.
Според првичните извештаи, метеорот е премногу мал за да се создаде подолготрајна лузна, но никогаш не се знае. Очигледно, метеорот бил доволно голем за да се сними овој настан од Земјата.