УЕФА со драстична казна за Партизан

Белградски Партизан доби драстична казна од УЕФА по натреварот против турскиот Малатјаспор во четвротокот кога победи домашниот клуб.

Поради однесувањето на навивачите на Партизан на натпреварот во Белград , УЕФА го казни клубот со парична казна од 24 250 евра. Навивачите фрлале со предмети на теренот и стоеле на скалите.

За овие прекршоци е паричната казна , а поради расистичките повици , клубот е казнет со два натпревари без публика.

Тоа значи дека во Плеј- офот , Партизан ќе игра без публика , како и без гледачи на домашен терен доколку стигне до групната фаза на Лига Европа.

Вчера излезе од затвор , а денеска потпиша за руски Зенит

Фудбалерот Александар Кокорин вчера излезе од затвор , а веќе денеска 28- годишникот потпиша договор за Зенит од Сант Петерсбург за до крајот на сезоната.

Кокорин и неговиот колега од репрезентацијата на Русија, Павел Мамајев беа уапсени во мај годинава поради напад врз раководител во руското Министерство за трговија , како и неговиот возач , кои ги претепале во октомври минатата година.

Мамајев беше осуден ан 17 месеци затвор , а Кокорин на 18, но по успешната жалба , биле помилувани завчера. Во времето на инцидентот , Кокорин играл за Зенит , а Мамајев за Краснодар .

Нивниот адвокат Јури Падалко претходно најави дека и двајцата ќе излезат предвреме од затвор и ќе ја почнат фудбалската сезона , без оглед на казните.

Молња погоди четворица млади фудбалери во Англија (ВИДЕО)

Натпреварот во Манинг Купот меѓу екипите на Јамајка Колеџ и Волмерс Скул на стадионот во Бирмингем е прекинат , откако молња погоди четворица фудбалери.

По двајца млади фудбалери од екипите беа погодени од молња , а натпреварот бил веднаш прекинат за да им се укаже помош.

Двајца од  момчињата се тешко повредени и се задржани во болница . Еден од погодените момчиња уште додека повреден лежел на теренот, се жалел на силна болка во градите.

Навивачи на Црвена Ѕвезда среде Минхен нападнаа човек со дрес нa Галатасарај (ВИДЕО)

Германската полиција цел ден ги придружува илјадниците навивачи на Црвена Ѕвезда , кои вечерва играат со Бајерн од Минхен.

Во првото коло на Лигата на шампионите играат бајерн и Црвена Ѕвезда , а илјадници српски навивачи направија вистинска инвазија во Минхен. ,,Делиите “ , под силно обезбедување , го окупираа и главниот плоштад во Минхен. 

Таму сепак се случи инцидент , кога навивачи на белградскиот тим му се нафрлија на човек со дрес на Галатасарај , кој очигледно не знаел за големата нетрпеливост на српските и турските навивачи, особено по убиството на навивачот на Црвена Ѕвезда Марко Ивковиќ пред пет години во Истанбул.

Делиите со пцуење и туркање го натераа човекот да го соблече дресот на Галатасарај.

За среќа немаше поголеми инциденти и покрај бројноста и еуфоријата на навивачите од Србија. 

притисни ентер