Му ветиле споменик, па им се заблагодари со хет-трик (ВИДЕО)

Андре- Пјер Гињак е најдобриот стрелец во историјата на мексиканските Тигрес , па затоа клубот ќе му направи споменик веднаш до стадионот.

Францускиот голгетер и ветеран пред почетокот на антпреварот со Нексак имал постигнати 105 голови со Тигрес , па во таа чест 105 маријачи му свиреа во текот на загревањето.

Музичарите ја пееја и свиреа песната ,,Крал” , а поранешниот фудбалер на Марсеј доби плакета и посебна топка за спомен. Од разгласот беше објавено дека Французот пред влезот на стадионот ќе добие статуа .

Гињак по ваквите подароци и објавата , беше видливо трогнат , па за да ја награди публиката постигна гол со хет – трик. Французот е во Мексико од 2015 и од тогаш со клубот Тигрес освоил четири првенства на земјата.

Скандал во Германија: Неонацисти ги навредуваа играчите на Баерн

Втората постава на Баерн беше навредувана на 3. натпревар на Бундеслигата во гости кај тимот на Кемницер ФЦ.

Натпреварот заврши изедначено 2:2 , a домашните навивачи во текот на целиот натпревар со расистички повици ги навредуваа играчите на Баерн , каде има и црномурни играчи.

Во еден момент навивачите му се нафрлија и на директорот на нивниот тим , Томас Собоцик , нарекувајќи го ,,еврејска свиња”.

Фудбалскиот клуб веднаш по натреварот излезе со осуда и жестока реакција за ваквото однесување, а на играчите им забрани да пријдат до трибините и да им се заблагодарат на навивачите за поддршката .

Турците организираа неверојатен дочек за поранешниот напаѓач на Ливерпул (ВИДЕО)

Даниел Стариџ потпиша тригодишен договор со турски Трабзонспор , откако му истече договорот со Ливерпул.

Тој потпиша тригодишен договор со Трабзонспор, а шесткратниот шампион на Турција заврши на четвртото место на шампионатот минатата сезона. Неговите обожаватели беа воодушевени и подготвија огромен дочек и забава на аеродромот.

Стариџ постигна 67 голови за „црвените“ на 160 натпревари, а  ја започна својата кариера во Манчестер Сити пред да пристигне во Челзи во 2009 година,така што минал неколку одлични британски тимови во неговата кариера.

Тежок пад и драматична завршница на британското МотоГП (ВИДЕО)

Шпанаскиот мотоциклист Алекс Ринс од екипата на Сузуки е победник на дртаматичниот натпревар во МотоГП класата за големата награда на Британија на патеката Силверстоун.

Ринс во последните метри успеа да го помине светскиот првак Марко Маркез од тимот на Хонда и му ја однесе победата. На самиот почеток на трката Италијанецот Андреа Довизиосо , кој налета на паднатиот Француз Фабио Квартара.

Следниот натпревар ќе се одржи на 15 . септермври во Мисано , каде мотоциклистите ќе се натпреваруваат за големата награда на Сан Марино.

И покрај денешниот пораз, маркез е се поблиску до шестата титула на светски првак , со 250 поени , дури 78 повеќе од второпласираниот Довизиосо.

притисни ентер