Надал го зазеде тронот пред Ѓоковиќ на АТП листата

Тенисерот Новак Ѓоковиќ не е веќе прв на АТП листата за 2019.

Со победата на Мастерсот во Монтреал, Рафаел Надал го презеде првото место од Новак Ѓоковиќ на АТП листата само за 2019 .

Сепак, Новак Ѓоковиќ е на првото место на најбитната листа, онаа на која се сметаат поените освоени во претходните 365 дена, но доколку се гледаат само поените во 2019, тогаш српскиоот тенисер е зад Шпанецот.

Ѓоковиќ го загуби ова место, што ќе биде важно на крајот на годната, поради тоа што не настапуваше на канадскиот Мастерс турнир. Годинава Надал освои 7225 поени, а Ѓоковиќ е веднаш зад него со освоени 6725 поени.

На трето место, далеку зад двајцата, е Роџер Федерер со 5060 поени, така што главната битка за првото место до крајот на годината ќе се води меѓу Ѓоковиќ и Надал.

Скандал во Германија: Неонацисти ги навредуваа играчите на Баерн

Втората постава на Баерн беше навредувана на 3. натпревар на Бундеслигата во гости кај тимот на Кемницер ФЦ.

Натпреварот заврши изедначено 2:2 , a домашните навивачи во текот на целиот натпревар со расистички повици ги навредуваа играчите на Баерн , каде има и црномурни играчи.

Во еден момент навивачите му се нафрлија и на директорот на нивниот тим , Томас Собоцик , нарекувајќи го ,,еврејска свиња”.

Фудбалскиот клуб веднаш по натреварот излезе со осуда и жестока реакција за ваквото однесување, а на играчите им забрани да пријдат до трибините и да им се заблагодарат на навивачите за поддршката .

Турците организираа неверојатен дочек за поранешниот напаѓач на Ливерпул (ВИДЕО)

Даниел Стариџ потпиша тригодишен договор со турски Трабзонспор , откако му истече договорот со Ливерпул.

Тој потпиша тригодишен договор со Трабзонспор, а шесткратниот шампион на Турција заврши на четвртото место на шампионатот минатата сезона. Неговите обожаватели беа воодушевени и подготвија огромен дочек и забава на аеродромот.

Стариџ постигна 67 голови за „црвените“ на 160 натпревари, а  ја започна својата кариера во Манчестер Сити пред да пристигне во Челзи во 2009 година,така што минал неколку одлични британски тимови во неговата кариера.

Тежок пад и драматична завршница на британското МотоГП (ВИДЕО)

Шпанаскиот мотоциклист Алекс Ринс од екипата на Сузуки е победник на дртаматичниот натпревар во МотоГП класата за големата награда на Британија на патеката Силверстоун.

Ринс во последните метри успеа да го помине светскиот првак Марко Маркез од тимот на Хонда и му ја однесе победата. На самиот почеток на трката Италијанецот Андреа Довизиосо , кој налета на паднатиот Француз Фабио Квартара.

Следниот натпревар ќе се одржи на 15 . септермври во Мисано , каде мотоциклистите ќе се натпреваруваат за големата награда на Сан Марино.

И покрај денешниот пораз, маркез е се поблиску до шестата титула на светски првак , со 250 поени , дури 78 повеќе од второпласираниот Довизиосо.

притисни ентер