Видео: Харадинај на журка со пукање од Калашњиков

Премиерот на Косово во оставка, Рамуш Харадинај присустувал на забава каде се пукало од огнено оружје. На видеото се гледа како човек пука од автоматска пушка АК-47, односно Калашњиков.

Харадинај потврдува дека бил на свеченоста во општина Дечани и дека со него бил неговиот брат Даут.

- Пукањето е дел од традицијата на Албанците откако знам за себе, но не е законски рекол Харадинај.

Седум лица повредени во руски напад со дронови врз Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.

-Во нападот се уништени најмалку 14 станови, изјави градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, , пренесе агенцијата Униан.

Во текот на ноќта и главниот град на Украина беше цел на руски беспилотни летала, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.

Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Миколаев./МИА

ДПИ: Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани

 Денот на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Македонија.

Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Од ДПИ потсетуваат дека овие денови се неработни согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година.

- За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува од страна на работодавачите, се вели во соопштението од ДПИ. /МИА

Десничарскиот сојуз на Мелони победи на регионалните избори во јужна Италија

Десничарскиот сојуз на италијанската премиерка Џорџа Мелони победи на регионалните избори, се сметаа за тест на јавното мислење пред европските избори во јуни.

Во Базиликата, јужна Италија, кандидатот на десниот центар Вито Барди беше реизбран за регионален претседател со 56,6 отсто од гласовите, наспроти неговиот противкандидат од левиот центар Пјеро Марезе, кој освои 42,1 проценти од гласовите.

Барди, кој е на власт во Базиликата од 2019 година, рече дека „ќе продолжи да биде претседател на сите“.

Во Базиликата живеат околу 540.000 луѓе, а излезноста на гласачите беше 49,8 отсто, излезноста.

Од октомври 2022 година, ултрадесничарската партија Браќата на Италија на Мелони владеат на национално ниво заедно со десничарската популистичка Лига на Матео Салвини и конзервативната партија Форца Италија. Четиринаесет од 20 региони во Италија имаат централнодесничарски влади. /МИА

притисни ентер