Дневен хороскоп за 10. август 2019 година

Дневен хороскоп за сабота, 10. август 2019 година. 

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Богатството на еротиката и сензуланоста денеска ќе бидат главното обележје на вашиот личен живот. Уживајте.

Кариера

Можно е договарање на нов договор. Се ќе изгледа прилично амбициозно , а вие би сакале да се приземјите.

Здравје и совет

Ќе знаете да ги надминете проблемите .

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата врска одлично се развива. Оние кои уште се сами , ќе ги комбинираат неврзаните приказни и еротското заведување.

Кариера

Ќе настојувате мелку да се оддалечите од работата , доколку е можно. Само во мислите ќе ја анализирате минатата недела.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е добро.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Денеска многу зрело ќе размислувате за личниот живот и ќе барате аргументи за и против. Тоа ќе ве зајакне.

Кариера

Ќе се зголемат вашите деловни амбиции , но нема да бидат целосно реални. важно е да утврдите што е навистина можно , а што не.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Пред вас е ден во кој најверојатно работите ќе ви бегаат од раце , кога станува збор за љубовта. Но , ќе помине.

Кариера

Ќе мора малку појасно да објасните што е тоа што вие би го сакале во еден дел од работите. Послужете се со факти.

Здравје и совет

Не ги земајте работите здраво за готово.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера во двојка , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење.

Кариера

Денеска на вашето работно место ќе биде речиси ангелска атмосфера. Сите ќе бидат подготвени за да помогнат едни на други.

Здравје и совет

Немојте да се опијаните.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно е дека ќе бидете доста посветени на партнерот и ќе се прилагодувате на неговите потреби.

Кариера

Денеска добро ќе напредуваат оние кои работат во големи компании. Малите претприемачи ќе бидат во искушение.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете склони за да се препуштите на се и сешто , а некои целосно ќе ги спуштат критериумните за љубов. Осамените би биле во друштво на личности по системот ,,дај што билo”.

Кариера

Дарежливоста на спонзорите , кои се подготвени да ги зголемат своите вложувања , ќе биде нешто на што ќе се израдувате , но тоа создава и обврски.

Здравје и совет

Прво промислете , па делувајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Со шеги , смеа , мали провокации и слично вие ќе ги спасувате малите недоразбирања во врската.

Кариера

Плодовите на вашата работа би можеле да ви се присторат сомнителни. Ќе мислите дека не го заслужувате она што го добивате.

Здравје и совет

Крајот делото го краси.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе добиете поетска инспирација и ќе изразите љубов на необичен начин . Сепак , тоа на крај ќе биде добро прифатено.

Кариера

Не мора секогаш да им бидете на услуга на другите. Овојпат би можеле малку повеќе да се посветите на себе и на она што го сакате во работата.

Здравје и совет

Одете порано на спиење.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата мила личност ќе го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе вратите со иста мерка.

Кариера

Следува одлична соработка со личности кои се духовити , забавни , млади и креативни. Исто важи и за работата.

Здравје и совет

Можна е преодна настинка.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Нема тајни меѓу вас и саканата личност , а тоа е нешто што ве радува. Ќе бидете искрени и подготвени за дружења.

Кариера

вашите зборови лесно ќе го одразуваат она што го мислите , па ќе знаете дека барем сте се обиделе да делувате или да предложите нешто за што верувате дека е добро.

Здравје и совет

Медитирајте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашите скриени чувства денеска ќе се покажат , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило.

Кариера

Денеска не ги покажувајте отворено своите идеи и замисли зашто нема најдобро да ве разберат поради преокупираноста со други работи.

Здравје и совет

Никаде не треба да брзате.

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание - ПОП КУЛТУРА

 Во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - ПОП КУЛТУРА, во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Настанот е во чест на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата.

Како што соопштија од тимот „Силата ЕУ Младите“, компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу Силата ЕУ Младите“, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата „Силата ЕУ Младите“, е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

- Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум, се вели меѓу другото во соопштението од тимот на „Силата ЕУ Младите“.

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

притисни ентер