Откриени најстарата ѕвезда во вселената и 39 масивни древни галаксии

Астрономите неодамна дошле до фасцинантни факти поврзани со далечното минато на нашата вселена.

Не само што успеале да откријат 39 масивни древни галаксии, кои претходно не биле познати, туку е откриена и ѕвезда стара колку и нашата вселена.

Имено, ѕвездата црвен див – „ SMSS J160540.18–144323.1", која се наоѓа на околу 35000 светлосни години оддалеченост има најмала количина на железо меѓу сите досега анализирани ѕвезди во нашата галаксија, пренесува „ Science Alert".

Тоа мало количество на железо значи дека станува збор за една од најстарите ѕвезди во целата вселена. Ѕвезда која најверојатно и припаѓа на втората генерација ѕвезди  по „Големата експлозија“ која се случила пред околу 13,8 милијарди години.

-Оваа анемична ѕвезда, која најверојатно се формирала само неколку стотини години по „Големата експлозија“, има количество на железо 1,5 милиони пати пониско од количеството на железо кое го има Сонцето, објаснува  астрономот Томас Нордлендер од Австралискиот национален универзитет.

Според анемичноста на ѕвездите можеме да ја процениме нивната старост. Поради тоа што во раната вселена скоро воопшто немало метали. Првите ѕвезди се состоеле во главно од водород и хелиум и се смета дека биле многу масивни, жешки и со краток век. Овие ѕвезди се водат како „Популација Три“ но нив никогаш не сме ги виделе и најверојатно нема ни да ги видиме. Но, можеме да ги забележиме ѕвездите од следната генерацијата, меѓу кој спаѓа и ново откриената „"SMSS J160540.18–144323.1", на основа на кои можеме да утврдиме и како изгледале првите ѕвезди во вселената,  дополнил угледниот астроном.

Друга  група на научници користејќи опсерватории од Земјата но, и од вселената  забележала древни галаксии. Според научниците ова е првото вакво откритие на вака голем број на прастари галаксии, пишува „СНН“.

-Сега прв пат откривме вака голема популација на огромни галаксии кои настанале во текот на првите две милијарди години од настанувањето на вселената, која сега е стара 13,7 милијарди години. Тие досега за нас беа невидливи, изјавил астрономот Тао Ванг од Универзитетот Токио и Јапонската национална астрономска опсерваторија.

Полицаец ја лажел јавноста дека е два пати погоден од снајпер

Властите на Лос Анџелес соопштија дека заменикот шериф , кој тврдел дека два пати е погоден со снајпер , лажел .

Заменикот шериф Ангел Реиноса , кој тврдел дека е погоден , си исекол две дупки во униформата за да изгледаат како да се од куршум , а потоа лажел дека е погоден.Тој учествувал во полициската акција во средата и се јавил за да им каже на колегите дека е погоден.

,,Погоден сум од северната страна на Ланкастер, ме погоди во десното рамо“, рече избезумено Реиноса на радиоврската.

„Кошулата ми е искината на десното рамо. Мислам дека пука со снајпер од прозорецот на станот“, зборувал полицаецот со испаничен глас.

Риноса денеска е ослободен од своите должности и се соочува со кривична пријава.

Бебек заедно со Селма од песната на „Бијело Дугме” го прославија нејзиниот 90. роденден

Пејачот на легендарниот бенд „Бијело Дугме”, Жељко Бебек се дружеше со Селма од популарната песна.

Песната „Селма“ авторот Владо Дијак и го посветил на жена во која бил толку вљубен што од нејзиното патување на факултет направил една од најубавите љубовни песни. Селма Бориќ денеска има 90 години , а Жељко Бебек ја посети за да и го честита роденденот. Тој на социјалните мрежи ја објави и заедничката фотографија.

„Драга моја Селма го прослави својот 90-ти роденден… Среќен роденден од срце“, напиша Бебек на фотографијата каде заедно со Селма позираат заедно и пијат шампањ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

... moja draga Selma proslavila 90.ti rodjendan ... sretan rodjendan od 💝 #selma #bijelodugme #ononestonase

A post shared by BEBEK (@zeljkobebek) on

Владо и таа се запознале во 1945 година.

"Јас во тоа време имав 16 години. Лежев со девојките на тревата, а Владо лежеше со момчињата наспроти. Тој ја кубеше тревата и ме гледаше цело време. Се чини дека тој беше заинтересиран за мене, а подоцна се запознавме на корзо. Еднаш ме сретна додека тргнував на пат, па го носеше куферот. Отидовме на станицата и тој ми помогна да се качам во возот. Имаше отворен прозорец и тој ми рече: „Селма, не се потпирај на прозорецот“ “, раскажа Селма пред неколку години за хрватските медиуми.

Таа призна дека многу ја сака оваа песна, но дека на почетокот никој не и верувал дека е посветена за неа. Владо никогаш не и признал на Селма дека е заљубен во неа, но подоцна рекол дека страдал четири години.

Галеб спасил Швеѓенец од шестмесечна затворска казна

Швеѓенец се спасил од сигурнио апсење , кога галеб му ја грабнал кесичката со марихуана и одлетал , додека му се приближувала полицијата.

Полицајците патролирале во цивилна облека на Фестивалот на културата во Гетеборг и виделе жена како слободно пуши марихуана. Додека оделе кон неа, забележале маж во нејзино друштво со кесичка марихуана.

Во моментот кога требале да му пријдат на мажот, долетал галеб и му ја грабнал кесичката на мажот . Така полицијата останала без доказ и не го казнила Швеѓанецот.

Инаку , во Шведска казните за ваков вид прекршок се ригорозни и се казнуваат со гоелми парични казни и затвор до шест месеци.

Жената не успеала да се спаси и била уапсена, а полицајците само можеле да го гледаат галебот како исчезнува со доказот за мажот.

притисни ентер