Твитер призна дека споделувал лични податоци на корисниците

Компанијата Твитер денеска објави дека без одобрение ги споделувала личните податоци на корисниците на оваа мрежа со нивните огласувачи.

Од Твитер наведуваат дека забележале проблеми ,,поради кои изборот на податоците на корисниците можеби не работел како што било планирано”.

Се наведува дека одредени лични податоци на корисниците , како на пример од која држава се , биле споделувани со партнерите кои се рекламираат на оваа мрежа и тоа од мај 2018 , па дури и кога немале дозвола од корисниците.

Од Твитер соопштуваат и дека од септември 2018 огласите можеби се прикажуваат врз основа на заклучоците за корисниците направени без нивна согласност.

Тие податоци останале во Твитер , но не содржеле пасворди или меил адреси , се наведува на сајтот на компанијата.

Полицаец ја лажел јавноста дека е два пати погоден од снајпер

Властите на Лос Анџелес соопштија дека заменикот шериф , кој тврдел дека два пати е погоден со снајпер , лажел .

Заменикот шериф Ангел Реиноса , кој тврдел дека е погоден , си исекол две дупки во униформата за да изгледаат како да се од куршум , а потоа лажел дека е погоден.Тој учествувал во полициската акција во средата и се јавил за да им каже на колегите дека е погоден.

,,Погоден сум од северната страна на Ланкастер, ме погоди во десното рамо“, рече избезумено Реиноса на радиоврската.

„Кошулата ми е искината на десното рамо. Мислам дека пука со снајпер од прозорецот на станот“, зборувал полицаецот со испаничен глас.

Риноса денеска е ослободен од своите должности и се соочува со кривична пријава.

Бебек заедно со Селма од песната на „Бијело Дугме” го прославија нејзиниот 90. роденден

Пејачот на легендарниот бенд „Бијело Дугме”, Жељко Бебек се дружеше со Селма од популарната песна.

Песната „Селма“ авторот Владо Дијак и го посветил на жена во која бил толку вљубен што од нејзиното патување на факултет направил една од најубавите љубовни песни. Селма Бориќ денеска има 90 години , а Жељко Бебек ја посети за да и го честита роденденот. Тој на социјалните мрежи ја објави и заедничката фотографија.

„Драга моја Селма го прослави својот 90-ти роденден… Среќен роденден од срце“, напиша Бебек на фотографијата каде заедно со Селма позираат заедно и пијат шампањ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

... moja draga Selma proslavila 90.ti rodjendan ... sretan rodjendan od 💝 #selma #bijelodugme #ononestonase

A post shared by BEBEK (@zeljkobebek) on

Владо и таа се запознале во 1945 година.

"Јас во тоа време имав 16 години. Лежев со девојките на тревата, а Владо лежеше со момчињата наспроти. Тој ја кубеше тревата и ме гледаше цело време. Се чини дека тој беше заинтересиран за мене, а подоцна се запознавме на корзо. Еднаш ме сретна додека тргнував на пат, па го носеше куферот. Отидовме на станицата и тој ми помогна да се качам во возот. Имаше отворен прозорец и тој ми рече: „Селма, не се потпирај на прозорецот“ “, раскажа Селма пред неколку години за хрватските медиуми.

Таа призна дека многу ја сака оваа песна, но дека на почетокот никој не и верувал дека е посветена за неа. Владо никогаш не и признал на Селма дека е заљубен во неа, но подоцна рекол дека страдал четири години.

Галеб спасил Швеѓенец од шестмесечна затворска казна

Швеѓенец се спасил од сигурнио апсење , кога галеб му ја грабнал кесичката со марихуана и одлетал , додека му се приближувала полицијата.

Полицајците патролирале во цивилна облека на Фестивалот на културата во Гетеборг и виделе жена како слободно пуши марихуана. Додека оделе кон неа, забележале маж во нејзино друштво со кесичка марихуана.

Во моментот кога требале да му пријдат на мажот, долетал галеб и му ја грабнал кесичката на мажот . Така полицијата останала без доказ и не го казнила Швеѓанецот.

Инаку , во Шведска казните за ваков вид прекршок се ригорозни и се казнуваат со гоелми парични казни и затвор до шест месеци.

Жената не успеала да се спаси и била уапсена, а полицајците само можеле да го гледаат галебот како исчезнува со доказот за мажот.

притисни ентер