Дневен хороскоп за 8. август 2019 година

Дневен хороскоп за четврток , 8. август 2019 година.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не мора толку да анализирате што сте постигнале кај другата страна. Таа самата ќе ви каже што чувствува.

Кариера

Во работата со младите или со новите соработници вие ќе покажете смисол за разбирање и хармонија.

Здравје и совет

Повремено земете пауза.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Конечно ќе ви стане сосема јасно како би требало да изгледа вашиот идеален партнер. Ќе барате некого според таа замисла.

Кариера

Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. Кај другите се ќе биде вообичаено.

Здравје и совет

Потпрете се на луѓето околу вас.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Не сте сигурни дали да и пријдете на една личност што ви се допаѓа. Некако не ви е пријатно. Во право сте. Почекајте неколку дена.

Кариера

Нема ништо посебно ново да се случува на работното место. И натаму работите повеќе од другите зашто има пртемногу задолженија.

Здравје и совет

Посветете им се на најблиските.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе размислуваат како би изгледал нивниот љубовен живот во различна ситуација. Ќе увидат дека и вака е добро.

Кариера

Нема да бидедте сигурни како да завршите една работа , а немате кого да прашате.Покрај тоа, ќе има моногу задачи.Морате сами да се снајдете.

Здравје и совет

Не се возбудувајте за ништо.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска немојте да се збуните доколку почуствувате малодушност или депресивност. Ќе помине набргу. Сакани сте.

Кариера

Не градете кули во воздух , туку држете се до проверените системи. Можеби ви е малку здодевно , но и тоа ќе помине.

Здравје и совет

Дотерајте се.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Они кои се во врска, ќе настојуваат да го збогатат својот сексуален живот со партнерот. Оние кои се сами , ќе побараат некој еротски филм.

Кариера

Ќе ви стигне детално известување за финансиската состојба или за вашата лична заработка што нема да биде за потценување.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е пријатно.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Имате добар ветар во грбот , партнерот ве сака , а вие сте задоволни. Доколку уште сте осамени , ќе бидете со задоволство прифатени во друштвото.

Кариера

Некои ќе најдат начин за подобро да се поврзат со странство или ќе склучат некаков договор со странски партнери.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна , а вие склони за отворено да ги покажете чувствата. Ќе ви биде убаво.

Кариера

Како веќе да не сонувате за нешто големо. Тоа не е типично за вас , но е умно. Привремено станавте скромни.

Здравје и совет

Мала меланхолија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Воздржете се од прекумерни коментари и ќе ви биде добро и на вас и на партнерот. Во спротивно , ќе ви биде многу жал.

Кариера

Сите дејности поврзани со убавина и општо со естетика , денеска ќе ви одат од рака. Дури и во финансиските теми ќе барате убавина.

Здравје и совет

Отвореноста значи трпение.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои ќе бидат загрижени поради осаменоста , па утеха ќе побараат во неврзани разговори со кафенце. Ќе им биде забавно , но тоа се површни односи.

Кариера

Ќе дојде до конечно дефинирање на условите под кои соработувате со новите или младите соработници.

Здравје и совет

Немојте да бидете премногу дрски.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата најсакана личност конечно ќе сфати што сака , а може и обратно. Во тој контекст вие ќе се поставите на нов начин.

Кариера

Се создаваат услови за една спонзорска соработка што ве радува. Ќе поработите на дефинирање на деталите.

Здравје и совет

Движете се меѓу луѓе.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ги игнорирате прашањата што ве измачуваа и ќе продолжиоте понатаму во позитивен дух. Ќе увидите дека таквиот пристап е понормален.

Кариера

Веројатно ќе се затекнете во фрустрирачка положба зашто вашите шефови ќе влечат на една , а вие на друга страна.

Здравје и совет

Можна е главоболка.

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

Владата на Словачка ја одобри контроверзната реформа на јавната радио и телевизија

 Владата на Словачка денеска ја одобри контроверзна реформа на јавната радио и телевизија во земјата, чекор, кој според критичарите, ќе доведе до преземање на целосна контрола врз медиумите од страна на Владата.

Минатиот месец, илјадници луѓе се собраа во главниот град за да го осудат планот, кој беше широко критикуван од локалните новинари, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија.

Премиерот Роберт Фицо рече дека промените се неопходни, бидејќи јавниот радиодифузен сервис РТВС бил политички пристрасен и е „во конфликт со словачката Влада“. Предложените измени ќе значат дека тој ќе има нова организација.

Се очекува, Парламентот, во кој коалициската Влада на Фицо има мнозинство, во јуни да ги одобри измените. /MIA

Де Соуза: Португалија одговорна за злосторствата за време на трансатлантското ропство

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза рече дека Португалија е одговорна за злосторствата извршени за време на трансатлантското ропство и колонијалната ера и посочи дека има потреба од репарации.

Говорејќи на настанот на кој доцна синоќа беа поканети странски дописници, Ребело де Соуза рече дека Португалија „ја презема целосната одговорност“ за неправдите од минатото и дека тие злосторства, вклучително и колонијалните масакри, имаат „цена“.

Тој посочи дека Португалија мора да ја плати цената.

„Дали има злосторства што не се казнети, а одговорните не се уапсени? Дали има стока што е ограбена и не е вратена? Да видиме како можеме да го поправиме тоа“, рече Ребело де Соза.

Во текот на повеќе од четири века, најмалку 12,5 милиони Африканци беа киднапирани, насилно транспортирани на долги растојанија главно со европски бродови и продадени во ропство.

Оние кои го преживеале патувањето завршиле со работа на плантажи претежно во Бразил и Карибите, додека други профитирале од нивниот труд.

Португалија продаде речиси шест милиони Африканци, повеќе од која било друга европска нација, но досега не успеа да се соочи со своето минато, а во училиштата малку се учи за нејзината улога во трансатлантското ропство. /МИА

притисни ентер