Филипче: Децата и натаму ќе се оперираат во клиниката „Жан Митрев“ на сметка на ФЗО

Третманот на децата продолжува во клиничката болница „Жан Митрев“ без разлика дали тимот предводен од детскиот каридохирург Владимир Чадиковски останува во болницата или заминува, потврди за Канал 5 министерот за здравство Венко Филипче.

Операциите ќе бидат на сметка на фондот како и досега, вели министерот кој е на годишен одмор. Засега нема детално објаснување кој ќе ги прави операциите во оваа болница, бидејќи Чадиковски е единствениот лиценциран детски кардиохирург во Македонија. Вчера од болницата „Жан Митрев“ излегоа со како што потенцираат историска вест во кардиохирургијата дека во Македонија за првпат е направена најтешката и најкомплексна операција на срце кај деца. Новороденче од скоро три килограми како итен случај завршило на операција во оваа болница. Операцијата ја правел доктор Жан Митрев со објаснување дека операцијата е направена со старо- новиот тим од државна клиника како еден тим. Неколку часа подоцна каридохиругот Чадиковски даде отказ со образложение дека не се почитувале договорот од страна на болницата и министерството за здравство. Чадиковски за канал 5 потврди дека не знае за успешната операција, бидејќи тој е на одмор од Грција. На ова прашање не добивме одговор од никого како е направена интревнецијата без присуство на Чадиковски. Тој во февруари оваа година премина во оваа болница како јавно приватно партнерство и како единствен лиценциран детски кардиохирург.

Од клиничката болница „Жан Митрев“ до медиумите испратија писмено соопштение, каде објаснува дека оваа клиника пред 20 години го потпиша првиот договор со фондот за здравствено осигурување за кардиоваскуларна хиругија, и дека се изведуваат сите видови кардиоваскуларни операции.

„Досега се третирани над 1000 вродени срцеви маани кај возрасни, деца и бебиња, се прават планови за оперативен третман за уште 20-тина деца во наредните неколку недели и соработката продолжува со министерството за здравство“ , се вели во соопштението.

Во соопштението се потенцира и вчерашната успешна операција, но немаше објаснување дали без единствениот детски лиценциран кардиохирург смееле да ја направат операцијата.

Од лекарската комора објаснуваат дека до нив не е стигант документ од здрвствените инспектори дека е направена интревенција во отсуство на лиценцираниот детски кардиохирург. Засега нема никаква писмена преставка стигната и до државниот санитарен здравствен инспекторат.

Хрватска: 15 починати 837 нови случаи на ковид -19

Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани нови 837 слачиа на зараза со Ковид-19, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. 

Од последици предизвикани од коронавирусот во последите 24 часа починале 15 лиц граѓани се водат како активни на корона.

На болничко лекување се 692 пациенти, од нив 99 се вклучени на респиратор.

Фото: Карлеуша во латекс со фатомка на лицето

Ново провокативно издание на српската пејачка Јелена Карлеуша.

Популарната и атрактивна пејачка повторно со фотографии предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Русокосата пејачка на фотките позира во скапоцени парчиња од брендот „Долче Габан“ . Парчиња кои според податоците од интернет вредат скоро 400 евра. Долната облека Карлеуша ја надополнила со латекс панталони и ракавици.

За фановите најитересни биле фантомката и бујните гради на пејачката.

Фото: Анонимни убавици со истакнати облини

Убави девојки секојдневно предизвикуваат воздишки на социјалните мрежи.

Овие девојки знаат како да го привлечат вниманието на фановите на социјалните мрежи.

Девојките вообичаено на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои гордо ги истакнуваат своите бујни облини, посебно задниците.

притисни ентер