Загина 18-годишно момче, а четири се повредени во сообраќајка на патот Пробиштип-Крупиште

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава на регионалниот пат Пробиштип-Круиште во близина на селото Бучиште, на самото место загина 18-годишно момче со иницијали В.Ј. од  Кочани.

Тој управувал со автомобил марка „сеад толедо" со кочански регистарски таблички. Во возилото имало уште четворица сопатници на возраст од 18 и едно на возраст од 17 години кои се повредени, од кои двајца се со тешки телесни повреди.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека според првичните информации на терен, несреќата е пријавена утринава во 4:25 часот, а се случила откако возачот изгубил контрола над возилото по што излетало од коловозот.

На самото место е починато 18-годишното момче, две на возраст од 17 и 18 години се прнесени во штипската клиничка болница, а две момчиња се во болницата во Пробиштип.

Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска вели дека едното од момчињата е со тешки телесни повреди на главата, извршена е интервенција од страна на неврохирург и се наоѓа во шок соба, а второто момче е со повреди на белите дробови и е сместено на Одделението за хирургија.

Извршен е увид на местото на несреќата од страна на истражните органи. /МИА

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер