Чедвик е обвинет за убиство на сопругата Кви Чо Чедвик во 2012 година. Тој ја убил сопругата по расправија за развод и за финансиски проблеми.
Чедвик бил обвинет за убиството , но бил пуштен да се брани од слобода со кауција од милион долари. Но , во јануари 2015 не се појави на подготвителното рочиште во судот и од тогаш е во бегство.
Откако ја задавил сопругата на 10 октомври 2012, Чедвик го фрлил нејзиното тело во контејнер во округот Сан Диего , а потоа се јавил во полицијата и рекол дека најверојатно ја киднапирал и убил мајстор.
Полицијата нашла во куќата крв и знаци на борба , како и други докази според кои милионертот го извршил убиството. Иако ги предал своите пасоши , бидејќи бил и британски државјанин , на Чедвик му се губи трагата.