Тие, како што пишува црногорскиот портал „Вијести“, ги признале кражбите и веќе се во притвор од 72 часа.
Двајцата биле откриени откако на туристите на познатата „словенска плажа“ им ги краделе торбите кои ги оставале под чадорите додека се капеле во море.
Македонските државјани во Будва стигнале пред петнаесетина дена и изнајмиле апартман на море.
„Со автомобилот секој ден доаѓале на плажа, обично ги бирале најпосетените. За жал и мало невнимание на туристите било доволно да останат без своите предмети. Краделе торби со лични работи, паричници, пари, накит, картички за банка, па дури и гардероба“, објаснуваат инспекторите, пренесува порталот „Вијести“.