Просечната температура во јули повисока за 0,3 степени, во Гевгелија измерени 41 степен

 Највисока температура од 41 степен во минатиот месец е измерена на 3 јули во Гевгелија, а најниската се спуштила до 6,8 степени измерена наутро во Берово. Просечните температура во јули била повисока за 0,3 степени Целзиусови.

Во текот на овој месец, според информацијата на УХМР, се регистрирани од седум до 28 денови со максимална температура над 30 степени, со исклучок на Маврово. Времето беше просечно топло во државата и многу топло само во Гевгелија, многу влажно во крајниот североисток и југозапад, во централниот дел било сушно, а влажно во останатиот дел од државата.

Средната месечна температура варирала од 17,2 во Маврово до 27,4 степени во Гевгелија. Средната минимална температура варирала од 11,2 во Берово до 19,1 во Гевгелија.

Во јули за 20 проценти имало повеќе врнежи од многугодишниот просек. Месечната количина врнежи варирала од 18,0 мм во Штип до 83,2 мм во Крива Паланка. Врнежите биле од дожд но локално пропратени со грмежи и град.Најмногу дожд на дневна основа е регистрирана на 11 јули во Охрид од 29,8 мм /MИА

Продолжи штрајкот на приватните специјализанти, чекаат одговори од владата

Немаме партиска – имаме крводарителска книшка, вака приватните специјализанти му одговорија на ресорниот министер, Илир Демири кој обвини дека нивниот штрајк има политичка позадина. 

Тие втор ден денеска не се појавија на своите работни места, бараат регулирање на работниот статус, бесплатно здравствено осигурување и повисоки плати.

„Мотивите за овој штрајк се сите овие колеги позади мене што ги бараат основните услови за живот. Срамно е еден доктор да нема здравствено осигурување. Мислам дека нема ниедна политичка партија кој тоа треба да не мотивира за да ние си ги бараме основните човеки права кои што ни се загарантирани со устав. Јас лично немам ниедна книшка од ниедна партија. Единствена книшка што јас ја имам дома е крводарителска книшка,“ изјави: Христина Илиоска Чешлароска – приватен специјализант.

И додека здравствените работници си ги бараат своите права преку протести и штрајкови, болниците постојано се полнат од пациенти, а се празнат од доктори. Поддршка приватните специјалзанти денеска добија и од граѓани кои се затекнаа во дворот на клинички центар. Граѓаните револтирани велат доктори немаме, резултати чекаме со часови, терапија со денови.

„Луѓево чекаат со саати за да дојдат до хемотерапија, а башка што влегуваат преку ред, дајте нека ги примат тие луѓе, зошто да стојат тука, зошто да бидат невработени, да не им тече стаж како на сите нормални луѓе, дајте малку да се направи нешто за овие млади луѓе. “-изјави Роднина на пацинет.

Приватните специјализанти со години алармираат за нивните проблеми, но освен ветувања од надлежните досега не им е исполенто ниту едно нивно барање. Сметаат дека трајно решение на проблемот е во трансформацијата на договорите, односно сите приватни специјализанти да станат државни и реформирање на моделот на приватни специјализации. Министерот за здравство, меѓу другото вчера рече дека ги разбира барањата на специјализнатите, но побара трпение од нив и најави решавање на нивните проблеми по изборите.

Сообраќајот во Панамскиот канал почна постепено да се нормализира

Администрацијата на Панамскиот канал соопшти дека од средината на мај значително ќе го зголеми бројот на резервации за транзит на бродови поради прогнозите за попуштање на сушата, која значително го намали транзитот во изминатите две години.

Од 7 до 15 мај низ каналот дневно ќе минуваат по 24 бродови, а од 16 мај 31 брод, соопшти управата. Во јуни ќе отворат можност за дополнителни резервации и за Неопанамакс и ќе додадат уште еден брод за транзит низ главниот канал.

Управата одлуката ја образложува со смирувањето на сушата, што беше видливо и во проценките за нивото на водата во вештачкото езеро, акумулацијата за полнење на каналот.

Во 2023 година тие во неколку наврати го намалија транзитот, а во јануари годинава беше за 42 отсто помалку отколку во најфреквентниот месец минатата година, покажуваат податоците на УНКТАД.

Транзитот на бродови се намалува веќе две години поради сушата, истакнаа од УНКТАД, потсетувајќи дека долгорочните нарушувања во транзитот, особено во контејнерскиот транспорт, може директно да ги загрозат синџирите на снабдување. Ова, пак, може да доведе до доцнење на пратката и повисоки трошоци и инфлација, нагласуваат тие.

Знаците за опоравување на сообраќајот низ Панамскиот канал се појавија во март кога властите првпат почнаа да примаат повеќе резервации. /МИА

Кавадарци одобри над два милиони денари за проекти на невладини организации

Општина Кавадарци одобри над два милиони денари за проекти на невладини организации. 

Во салата на општинската зграда, градоначалникот Митко Јанчев, заедно со претставници на граѓанските организации, денеска ги потпиша договорите за реализирање на проектните активности.

- Се работи за повеќе приоритетни области за 2024 година, согласно распишаниот јавен повик за прибирање на предлог проекти, наменети за организации, регистрирани на територијата на општината Кавадарци, појаснија од Општината.

Оттаму додадоа дека финансиски средства од локалниот буџет се одобрени на вкупно 22 организации, со одобрен буџет за финансирање од 2.210.000,00 денари. /МИА

притисни ентер